Почетна Вера БОЖИНОВСКА: Овој празник да биде поттик за зачувување на универзалните вредности
БОЖИНОВСКА: Овој празник да биде поттик за зачувување на универзалните вредности

БОЖИНОВСКА: Овој празник да биде поттик за зачувување на универзалните вредности

62
0

valentina bozinovska slika– Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија, да Ви посакам деновите на овој свет месец да ги поминете во мир и благосостојба во Вашите семејства и домови, пишува Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска, во честитката испратена до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, за почетокот на Рамазан, месецот на постот кај Мусмиланите.

Нека овој празник биде поттик за зачувување на универзалните вредности на месецотРамазан, и во тој дух на најголема светост и духовно прочистување, да се посветиме на меѓусебното помагање и почитување како возвишени вредности кои придонесуваат за нашата заедничка светла иднина, се вели во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *