Почетна На иста страна БОЖИНОВСКА: Молитвата на сите ни е иста – мир, соживот, толеранција
БОЖИНОВСКА: Молитвата на сите ни е иста – мир, соживот, толеранција

БОЖИНОВСКА: Молитвата на сите ни е иста – мир, соживот, толеранција

200
0

Почна четвртата светска верска и меѓурелигиска конференција на дијалогот во Македонија, што годинава од 3 до 5 ноември се одржува во Битола. Конференцијата ја отвори Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.

-Желбата на одредени политички центри на моќ да завладеат и да го наметнат своето влијание во светот, доведе до појава на неста­билност на владите, внатрешни револуции во земјите,  дезинтеграција  на Блискиот исток. Сето тоа придонесе за појава на верскиот фундамента­ли­зам и јакнење на верската нетрпеливост. Последниве години, миграциската криза беше толку силна што предизвика извесна неодлучност и збунетост во самата Европска Унија како да се постапи кон мигрантите. Дали на границите да се кренат ѕидови кои ќе затвораат или, обратно, ќе овозможат отвореност и слободен проток? Затворени или отворени граници – луѓето се тука, со различна вера, но се молат на ист Бог, како и да го нарекуваме, молитвата на сите ни е иста – мир, соживот, толернација, достоинствен живот за нашите најблиски, потеницраше Божиновска.

Во продолжение целото обраќање на директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, проф. д-р Валентина Божиновска

До­б­редојдовте во библиска Македонија, во градот Битола, центар на ранохристијанството, градот на кон­зулите, кој со својата богата традиција, бога­та историја и отвореност кон разните конфесии и националности има по­себно место во историјата на Македонија. Градот кој со право се нарекувал Монастир, чија духовна ризни­ца го сплотувала народот во изобилство од традиција и култура што прет­ставува вистинска ретка слика на духовна религиска потвр­да во светот.

otvarannje-1Уважени, дозволете ми свеченото отворање на оваа конференција да го започнам со цитат од познатиот амеркански претседател Франклин Рузвелт, кој уште во 30-тите години на дваесеттиот век, ќе рече: „Запомнете, и секогаш запомнете, дека сите ние, вклучително и Вие и јас, сме потомци на мигран­тите и револуционерите!“. Навистина, дефинирачка карактеристика на секој чо­век е да мигрира од едно место на друго, да бара подобри услови, да теж­нее кон подобар живот, а со тоа да се усовршува и да чекори напред. Но, на тој пат кон духовното, неминовни се предизвиците.

Денес сме сведоци на многу кризи со кои се соочува светот, мигрант­ски, економски, политички. Светот стана воено и политички нестабилен, де­лум­но како резултат на економската криза и продлабочување на јазот помеѓу богатите и сиромашните. Желбата на одредени политички центри на моќ да завладеат и да го наметнат своето влијание во светот, доведе до појава на неста­билност на владите, внатрешни револуции во земјите,  дезинтеграција  на Блискиот исток. Сето тоа придонесе за појава на верскиот фундамента­ли­зам и јакнење на верската нетрпеливост. Последниве години, миграциската криза беше толку силна што предизвика извесна неодлучност и збунетост во самата Европска Унија како да се постапи кон мигрантите. Дали на границите да се кренат ѕидови кои ќе затвораат или, обратно, ќе овозможат отвореност и слободен проток? Затворени или отворени граници – луѓето се тука, со различна вера, но се молат на ист Бог, како и да го нарекуваме, молитвата на сите ни е иста – мир, соживот, толеранција, достоинствен живот за нашите најблиски.

otvarannje-3Токму заради општочовечката идеја за хуманост и љубовта кон Бога, Република Македонија направи исклучителен чекор  во справувањето со бегалската криза и мигрантите помагајќи и на Европската унија во ублажувањето на последиците кои се закануваа со дестабилизација и со политички, економски и социјални проблеми од подолгорочен карактер. Македонија покажа не само гест на добра волја, туку и висока свест и степен на организираност во најкритичните моменти кога тоа беше најпотребно. Излеговме лидери во регионот и се надеваме дека тој гест нема да биде заборавен во името на идната соработка, дијалог и разбирање, кои се во духот на големото европско семејство, но и многу пошироко.

Уважени, големината на еден народ се состои во неговата способност да се обединува со Бога, да гради мостови на разбирање и мир. Столбот на верата е нашата свест за другиот. Нашиот катадневен придонес успешно да се справи­ме со напливот на бегалци е одраз на големото и духовно историско ехо што од навек го носиме во себе. Придобивката која ја имаме од раз­личните вери е нашата молитва кон светот, нашиот јазик, зборови и дела се вистинска потвр­да за универзалниот хуманизам.

Современиот свет не може да се надева на подобро утре, доколку покажува индиферентност и нетрпеливост кон религиските прашања и разли­ки – доколку не ги почитува фундаменталните права на човекот, неговото право на идентитет, религија, јазик и култура, како нераскинлив дел од неговиот интегритет и достоинство. Живеејќи во време на негирања, не успеавме да им подлегнеме на провокациите и од ова библиско тло, сите заедно се заложивме за еден нов свет на меѓусебен дијалог и почитување. И натаму продолжуваме да ја изразуваме нашата солидарност и хуман однос кон секој оној се бори за достоинствен и подобар живот. Сите ја чувствуваме таа благодатна сила, изразена преку љубовта кон Бога, да покажеме дека сакаме и знаеме да градиме единство меѓу нас.

otvarannje-6Уважени, дијалогот меѓу религиите и културите денес нема алтерна­тива. Нашето искуство со организирањето на вакви конференции укажа дека токму дијалогот е вистинскиот и единствен пат кој може да нé преобрази, да не зближи, наспроти сите актуелни предизвици во светот. Дијалогот и соработката меѓу различните религии ќе овозможат подобри услови за интеграција и полесно справување со актуелните предизвици на миграцијата.

Да не заборавиме никогаш – гласот на сите светски религии е ист – за соживот, взаемно почитување, сакање на сите луѓе без предрасуди – и гладните и ситите, и сиромашните и богатите, и болните и здравите. Да не заборавиме дека сите религии повикуваат и нé учат на најголемата божја мудрост – срцето постојано да ни е отворено за давање, секогаш да подаваме рака на оној на кој што му треба.

Како во Исусовите зборови:

Огладнев и Ми дадовте да јадам; ожеднев и Ме напоивте; бев странец и Ме примивте; бев гол и Ме облековте; бев болен и Ме посетивте; бев во темница и дојдовте при Мене.’ Вистина ви велам, доколку му направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.’(Матеја 25)

Или како што пишува во Куранот:

„Ги сакаа оние што се иселија кај нив…ги сакаа повеќе од самите себеси, иако кај нив има недостиг. А оние кои ќе се сочуваат од лакомост, па тие, токму, се спасените!“(Куран Ел-Хашр 59:9)

Истата порака ја праќа и Тората:

„Туѓинецот, кој престојува со вас, нека ви биде како ваш сонародник; љуби го како себеси; зашто и вие бевте странци во Египетската Земја.“(Тора Левит 19)

Во мое лично име, и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Ви посакувам успешен почеток на четвртата по ред Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *