Радувајќи се на Христовото крштевање, осветувајќи ги македонските води, да си посакаме подобра иднина, здравје, а објавата на божјиот лик да нè зближи уште повеќе како народ во верата и среќата кои произлегуваат од големината на овој ден, пишува Директорката на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска во честитка до Архиепископот г.г. Стефан, за Богојавление, еден од големите христијански празници, што МПЦ го чествува на 19 јануари.
-Празнувајќи го денот на Христовото крштевање ја празнуваме светата тајна на духовното раѓање и единство со нашата вера. Тоа е настан што нè поттикнува да се пронајдеме во верата, да го сочуваме и продолжиме христијанското учење за покајанието и прочистувањето, за љубовта, трпението и милосрдието.
На овој голем богојавленски празник, да празнуваме и да се радуваме на денот кога со осветувањето на водите и објавата на Божјиот лик помеѓу луѓето се осветли човековиот живот, со желба покрстената вода да ни даде нова сила за нови големи дела и успеси. Радувајќи се на Христовото крштевање, осветувајќи ги македонските води, да си посакаме подобра иднина, здравје, а објавата на божјиот лик да нè зближи уште повеќе како народ во верата и среќата кои произлегуваат од големината на овој ден, стои во честитката на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
Od koga se praktikuva vo Makedonija politicari da drzat besedi po povod crkvenite praznici, namesto popovi i vladic ?i. Fer bi bilo vzaemno, da dopustat i po nekoj pop ili vladika da drzi govor vo parlamentot, ne vlodicite samo da se sudat so narodot, so pravoslavnite vernici