Почетна Вера МПЦ-ОА Божиќни подароци од митрополитот г.Петар за децата во Домот за доенчиња во Битола
Божиќни подароци од митрополитот г.Петар за децата во Домот за доенчиња во Битола

Божиќни подароци од митрополитот г.Петар за децата во Домот за доенчиња во Битола

100
0

Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар по утринската Божиќна богослужба што се одржа во храмот „Св. великомаченик Димитриј“, ги посети децата во Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца во Битола.

Според долгогодишната традиција, митрополитот г. Петар на дечињата во таа установа им даде божиќни подароци и им го честиташе големиот празник.

– Продолжува нашата традиционална божиќна посета на Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Нашата желба е овој радосен празник, Божик да го одбележиме со децата, да го споделиме со дечињата во оваа установа. Посакувам Господ да им дава напредок на овие дечиња во нивниот телесен раст и во нивното духовно напредување, истакна г. Петар.

Во моментов во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола згрижени се повеќе од 60 деца кои денеска добија божиќни подароци, потврди директорката Соња Илијевска.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *