Почетна Вести Христијанство Божикна забава за децата од здружението за церебрална парализа од Велес
Божикна забава за децата од здружението за церебрална парализа од Велес

Божикна забава за децата од здружението за церебрална парализа од Велес

60
0

Митрополитот повардарски г. Агатангел, традиционално по завршувањето на денешната  божикна литургија во црквата Св Кирил  и Метoдиј и оваа година во црковната трпезарија организираше божикна забава за лицата со церебрална парализа од Велес. Тој го благослови овој собир и на  сите дечиња кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат им подели пакетчиња.

Оваа средба е традиционално божикно дружење со овие деца и млади и нивните родители, а е во рамките на долгогодишата соработка на Повардарската епархија и здружението на лица со церебрална парализа од Велес.

Забавата беше збогатена со настап на децата од црковниот хор „Св Кирил и Методиј“.

Оваа година на забавата присуствуваа и градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, и пратеникот Игор Здравковски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *