Почетна Вера Католичка црква Божиќна честитка на бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов

Божиќна честитка на бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов

84
0

На сите христијани, во годината кога нè посети Христовиот намесник на земјата св. отец папа, им посакувам честит празник Рождество Христово – Божик, а на сите граѓани на нашата земја им посакувам да ги прати секогаш и насекаде Божјиот благослов и Неговата неизмерна благодат исполнета со радост и мир! Христос се роди!, вели Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов во Божикната честитка за католичките верници, го слават Христовото раѓање – Божик.

– Браќа и сестри! Евангелието ни носи извештај дека Бог бара засолниште, но и дека нема место за Него. Бог бара простор во овој наш свет и во нашиот живот. Дали сме подготвени да го прифатиме, да му дадеме место и простор меѓу нас и во нашиот живот? Бидејќи, нашиот Бог, не може да се заклучи во црквите, и не му е доволно да само еднаш седмично поминеме неполн час со Него на богослужението. Тој преку пророкот ни порачува: „Небото е Мој престол, а земјата – подножје на нозете Мои! Каде тогаш ќе изградите дом за Мене, каде е местото на Мојот спокој? Зашто, сето тоа го создаде Мојата рака, и сето тоа е мое“ (Исаија 66, 1-2). Единственото прифатливо место што може да му го понудиме е нашето срце. Сигурно на Бог му се мили и црквите, всушност тие се место што нè потсетуваат на Неговото постојано присуство меѓу нас. Места каде што се собираме како заедница и каде што доаѓаме пред Него. Но, за Бог е поважно да му дадеме простор во нашиот живот.

Во оваа божиќно време, Црквата нè учи да ја живееме нашата христијанска хуманост, молејќи го Бога што нас во своето достоинство, чудесно нè создаде, а уште почудесно нè прероди, да ни даде дел во божественоста на Неговиот Син, кој ја зеде нашата човечка природа (хорска молитва). Нека со нашата посветеност и меѓусебното дарување овој свет биде посветол, потопол и похуман. А тоа ќе се оствари ако едни со други излеземе во пресрет, не затоа што мораме, туку од љубов, како што Бог со своето овоплотување ни излезе во пресрет.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *