Почетна Вести Босанка со хиџаб влегува во босанската политика
Босанка со хиџаб влегува во босанската политика

Босанка со хиџаб влегува во босанската политика

155
0

37-годишна Босанка е првата целосно забулена жена која се кандидирала за јавна функција во Босна и Херцеговина.

bosna-hidzabИндира Синановиќ од Завидовичи се претстави пред гласачите, како прва жена, облечена во хиџаб, која се јавува на локалните избори, пренесува „Руптли“. Гласањето ќе се одржи в недела.

Синановиќ е мајка на две деца, работи како новинар и хуманитарен работник.

Во петокот таа организираше митинг на кој избирачите ќе се запознаат со неа лично и со нејзината програма.

Според Синановиќ, жените кои носат традиционална исламска облека како никаб и хиџаб, се предмет на предрасуди. Пред публиката Синановиќ рече дека се надева дека нејзината кандидатура ќе ги разбие овие предрасуди.

– Ќе се борам против дискриминацијата и против искривената слика за жените кои носат шамии. Луѓето треба да имаат можност да се сретнат со нас и да разберат кои сме, изјави Индира Синановиќ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *