Почетна Вера Еврејска заедница Борисов се поклони на жртвите од Холокаустот, но не се извини

Борисов се поклони на жртвите од Холокаустот, но не се извини

65
0

Бугарскиот премиер Бојко Борисов се поклони на жртвите од Холокаустот, изрази големо жалење за депортираните Евреи од Македонија во Треблинка, но не се извини.

Борисов ја искористи истата формулација, како и во Софија при посетата на Еврејската Синагога за која во бугарската јавност беше критикуван. Борисов сепак е првиот бугарски премиер кој учествувал на одбележување на споменот за жртвите од Холокаустот.

Борисов и македонскиот премиер Заев, како и босанскиот претседавач на владата, Звиздиќ денеска го предводеа и маршот на жртвите од музејот на град Скопје, до тутунскиот комбинат, од каде во 1943 биле депортирани Евреите од Македонија.

Меѓу гостите имаше голем број претставници на еврејските заедници од Светот.

Пол Шапиро од Вашингтон, директор на музеите на Холакаустот во светот, го оценува како добар чекор кон крајната цел,  учеството на Борисов во одбележувањето на споменот од Холокаустот.

Премиерот Заев пак, потсети дека историјата се повторува само за оние коишто стануваат слепи кон минатото.

Во нацистичкот логор во Треблинка беа депортирани и убиени  7144 Евреи од Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *