Почетна Вести Регион Борисов на Света Гора: Православието не сочува како нација
Борисов на Света Гора: Православието не сочува како нација

Борисов на Света Гора: Православието не сочува како нација

293
1

Бугарскиот премиер Бојко Борисов бил во посета на Света Гора, каде ветил поддршка за Бугарската Православна Црква и за Манастирот Зограф, кој е под јуриздикција на Бугарската Црква

Борисов од монасите на Света Гора посакал да го задржат бугарскиот дух и истакнал дека владата секогаш ја поддржува и ќе продолжи да ја поддржува Бугарската Православна Црква.

Борисов истакнал дека низ вековите православната вера најмногу им помогнала при надминување на тешките искушенија на Бугарите и посочил дека таа ги сочувала како нација, соопштија од владината прес служба.

Премиерот учествуваше на отворањето на јужното крило на манастирот “Св. Георги Зограф “, чија поправка беше поддржана од бугарската влада. Крилото на манастирот беше изгорено во 1976 година и од тогаш до сега немало можност да се користи. Бугарската влада  издвои 940 илјади лева минатата година за целосна реконструкција.

Бојко Борисов и бугарската делегација оствариле и средба со духовното раководство на Света Гора.

Коментар(1)

  1. Тоа и треба да се случи обединување на сите православни држави без граници.
    И Македонија треба да се откаже од таа O*роспија Европа и Нато и да се припои кон Руската федерација!

Напиши одговор на martin Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *