Богословскиот факултет до студентите – тука сте да учите за Бога, не да протестирате

Date:

Share post:

Наставничкиот колегиум на Православниот богословски факултет при Универзитетот во Белград застана зад политиките на Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и побара од студентите, по шест месеци на прекини, отсуства да се вратат на настава. Во соопштението, колегиумот наведува дека протестните активности, иако биле толерирани од страна на наставниците „со трпение и разбирање“, веќе го надминале рамнотежниот однос помеѓу солидарноста со останатите студенти на Универзитетот и обврските што произлегуваат од црковната природа на факултетот.

„Во овој минлив свет, кој лежи во зло и е ранет од човечките слабости, не постои ниту еден разумен, а камоли благословен, причинител за прекин на богословската настава и проповедта на Божјото слово,“ стои во соопштението.

Факултетот потсетува дека не е во сопственост на државата Србија, туку на Српската Православна Црква, и дека неговата мисија е пред сѐ црковна – насочена кон образување свештенослужители, вероучители и црковни работници. Зградата на факултетот, интернатот и параклисот, според соопштението, се под канонски надзор на Патријархот српски и подлежат на внатрешните правила на Црквата.

Наставниците посочуваат дека студентите кои се запишале на факултетот со благослов на надлежниот епископ, доброволно го прифатиле послушанието на учење како форма на служба во Телото Христово, и дека блокирањето на наставата од страна на лица кои се повикани да му служат на Христос е „неспоиво со духот и уставноста на Црквата“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img