Почетна Вести Богослови од целиот свет бараат одржување на Соборот и учество на сите цркви
Богослови од целиот свет бараат одржување на Соборот и учество на сите цркви

Богослови од целиот свет бараат одржување на Соборот и учество на сите цркви

223
0

Богослови и теолози од целиот свет, во име на организациониот одбор на Сеправославниот собор испратија отворено писмо до сите поглавари на Православните цркви во кои ги повикуваат да дојдат на закажаниот собор следната недела на Крит.

Pravoslavni crkviОтвореното писмо е испратено и до сите православни христијани во кое се повикува на демонстрирање на толку потребното единство на Православната црква во овој момент

– Светиот и Велики Собор овозможува да започнеме нова фаза на православно сведоштво. Сега, кога очите на целиот свет се свртени кон Православната Црква, ние се молиме сите наши претстојатели да го слушнат гласот на Духот, Кој повикува на соборно единство, стои во апелот на групата богослови.

Според нив нема никакви непремостливи потешкотии Соборот да почне со работа во јуни, и покрај тоа што беа покренати значајни прашања во врска со нацртот и начинот на работа.

-Признаваме дека некои од овие прашања се целосно оправдани, како настојувањето да се обнови дискутирањето на предложените нацрт текстови. Согласни сме, исто така, дека постојат многу други прашања поврзани со Црквата во XXI кои бараат сеправославно разгледување. И покрај сè сме убедени дека најсоодветно место за решавање на сериозните несогласувања денес, како и во древноста, е самиот Собор. Одложување на Соборот би значело неспособност да живееме според принципот на соборноста на глобално ниво. Никој не може да очекува Соборот да ги реши сите важни прашања и да ги помири сите јуриздикции и противречности во рок од 10 дена. Но ние се надеваме дека овој Собор ќе биде почеток на усогласување на процесот кој ќе доведе до нова ера на глобална соборност и единство, апелираат теолози и богослови.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *