Почетна Вера МПЦ-ОА Богојевски до г.г. Стефан: Овој Велигден го чествувамее како Воскресната црква, Ви благодариме
Богојевски до г.г. Стефан: Овој Велигден го чествувамее како Воскресната црква, Ви благодариме

Богојевски до г.г. Стефан: Овој Велигден го чествувамее како Воскресната црква, Ви благодариме

423
0

Нека овогодинешниот Велигден биде почетна точка на оптимизам и надеж за подобра Македонија, посилна татковина, со повеќе социјална сплотеност, пред се со грижа за нашите најслаби сонародници. Свои на Своето во љубовта Божја и кон Татковината Македонија! Честит Велигден! За многу години денот на сите православни христијани, Македонки и Македонци! – стои во честитката на Богојески, лидер на Македонски Концепт, упатена до Архиепископот Стефан и сите православни верници.

Ваше Блаженство, г.г. Стефан Први, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, дозволете да Ви упатам искрени честитки по повод Воскресението Христово – Велигден, а преку вас како пастир истите честитки да ги упатам и до сите верни чеда на нашата Црква Мајка МПЦ – ОА!

Сета наша вера во вечноживиот Бог е потпора за довербата која Вие и вашите Архереи ја уживате од нас верниците, во вакво време невреме, кое заедно ќе го пребродиме и повторно ќе се издигнеме и како народ верен и како држава заштитник на тој народ.

Оваа година, овој најголем настан во историјата, Христовото воскресение го празнуваме како воскресната Црква, секогаш прифатена во Царството небесно, а сега и од луѓето на земјата. Тоа значи не беше празна нашата молитва и нашата вера во правдата Божја!

Во иднина, на Вас и сите нас, вашите доховни чеда, нека Извор на животот, Творецот и Седржителот на сето видливо и невидливо создание ни даде сила и разум, да го сочуваме создаденото и да го надградиме за оставштина на тие кои доаѓаат по нас.

Како што Воскреснатиот Син Божји ја извојува победата за сиот човеков род, победа на светлината над темнината, на вистината над лагата, на правдата над неправдата и на животот над смртта, така ќе благослови и за нас од родот наш македонски, да ја победиме темнината, лагата, неправдата и смртта, која секојдневно не искушува.

Ние како христољубив народ, по целата македонска земја, кои се китиме со богато наследство од многубројни знајни и незнајни јунаци македонски, ќе останеме Свои на Своето и ќе победиме со Божји и со Ваш благослов.

Секој ден, секоја нова наша рожба македонска е се подобра и подобродетелна. Обединети во Каузата македонска, преку доброто, правдата, незлобливоста и љубовта, постојано ќе се усовршуваме, за да опстоиме и низ вековите кои доаѓаат, охрабрени да им се радуваме на вечниот живот и светлината на Воскресението. Заветени на Каузата македонска, семето ќе ни се умножи, семејството ќе се зацврсти и државата ќе напредува.

Архиепископе наш, денес ја славиме нашата духовна слобода во ликот на нашата жива и никогаш непресушна Охридска Архиепископија, втемелена на древната Јустинијана Прима, која оваа година по забранувањето на дејноста во 1767 година, а по нашето световно ослободување од сите ропства, возобновена преку Црквата наша мајка МПЦ, водени од Вашата мудрост, повторно го прославуваме во радоста на единството со сите останати помесни Православни Цркви. За тоа искрено Ви благодариме!

Убеден сум дека единството во Православието и признавањето на нашиот автокефален статус ќе го поткрепат и нашето духовно и национално единство на сиот наш православен македонски народ и сите што живееме на просторот на нашата Македонија.

Силината на светлината од олтарот на нашите духовни и световни маченици на нацијата, светлината на нашиот Илинден и Идеалот на Републиката, мачениците Илинденци, Борци и Бранители, не се нималку потемни од светлината на Воскресението! Како Христос Воскресе, така и Македонија и Македонците постојано и постојано воскреснуваме!

Нека овогодинешниот Велигден биде почетна точка на оптимизам и надеж за подобра Македонија, посилна татковина, со повеќе социјална сплотеност, пред се со грижа за нашите најслаби сонародници. Свои на Своето во љубовта Божја и кон Татковината Македонија!

Во име на нашата партија Македонски Концепт и мое лично име, ви порачувам:

Честито Воскресение! Честит Велигден! За многу години денот на сите православни христијани, Македонки и Македонци!

Христос Воскресе!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *