Ве молам престанете со партиски нарачани напади кон Светата Македонска Православна Црква, нашата мајка Охридска Архиепископија и наследничка на древната Јустинијана Прима, Црква во аманет на Апостолот Павле, еден од 12темина на нашиот Бог Исус Христос.
Ниту еден смртник, ниту еден поединец не прави Црква!
Црквата е народот, народот е Црквата!
Удирајќи врз Црквата, удирате на народот, удирате на ТЕМЕЛОТ, удирате на Светоста!
Луѓе што немаат ништо свето, тие не се луѓе, ами живи мртовци по земјата!
Сами се плукате… сами се понижувате… сами се подавате на ѓаволот! Не ви личи!
Мое беше да Ве замолам, а Вие си знаете.
/Фејсбук статус Петар Богојески


И кога се собраа, Пилат им рече “Кого сакате да ви го пуштам Варава или Исуса, наречен Христос….но првосвештениците го наговорија народот да го измоли Варава, а Исуса да Го погуби….Пилат им рече: А што да направам со Исуса, наречен Христос….. и одговарајќи ЦЕЛИОТ НАРОД рече: крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца…..Мт. 27:17-25.