Почетна Вести Регион Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија
Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија

Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија

103
0

Православниот празник Богојавление-Водици беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православни Македонци како во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови.

Во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и по литургиите што ги одржаа свештенците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, се упатија кон брегот на Преспанско Езеро каде се фрли крст во сите девет села.

Во Пустец, беше градоначалникот Пали Колефски, кој присуствуваше на богослужбата во црквата „Архангел Михаил” и на свечениот чин на фрлање на крстот.

– Најсереќен во Пустец беше Цветан Вангелофски. Посакувам многу здравје, среќа, бериќет и општа благосотојба. Им честитам на сите млади што ја продолжуваат традицијата, посебно секако на Цветан, кој од општината ќе добие награда во износ од 5.000 леки(над 40 евра), изјави Колефски за МИА.

Честитка по повод големиот христијански празник упати лидерот на Македонска алијанса за европска интергација (МАЕИ) Васил Стерјовски. Празникот го честиташе и македонското друштво „Илинден” и огранокот за Голо Брдо.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *