Почетна Вера МПЦ-ОА Благодатниот оган пристигна во Македонија

Благодатниот оган пристигна во Македонија

539
0

Благодатниот оган, што секоја Велика Сабота веќе два милениума чудесно се појавува на гробот на Исус Христос, пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје. По првпат директно од Ерусалим го донесе стобискиот епископ Јаков од МПЦ, кој во светиоот град беше дел од делегацијата на БПЦ.

Благодатниот оган во земјава беше доснесен со бугарскиот владин авион со кој викарниот епископ од Струмичката епархија Јаков претходно го помина патот од Ерусалим до Софија заедно со митрополитот старозагорски Кипријан од БПЦ.

Епископот Јаков на скопскиот аеродром беше пречекан од неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со претставници на другите епархии низ државава, кои потоа ќе го разнесат благодатниот оган по храмовите во Скопје и низ земјата.

-Му благодарам на премиерот Зоран Заев и на бугарскиот премиер Бојко Борисов, бидејќи без нив ништо од ова не ќе беше можно, изјави епископот Јаков по слетувањето на скопскиот аеродром.

Благодатниот оган е феномен, односно чудо што се случува секоја година на Велигден. Самиот се спушта на чудотворен начин во гробот Христов и повторно на чудотворен начин се запалуваат свеќите на православниот патријарх кој пребива на молитва во гробот. Потоа тој ги изнесува свеќите и од тие свеќи сите верници или сите претставници, делегати на православните цркви кои стојат во храмот пред гробот ги палат своите свеќи или кандилата и ги носат потоа во своите земји.

Досега благодатниот оган беше носен или позајмуван, земан од другите цркви преку посредништвото на Бигорскиот манастир и архимандритот Партениј. Годинава првпат викарниот епископ од Струмичката епархија го презеде огнот во Ерусалим и го донесе во земјава како благослов за православниот народ и за православната црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *