Почетна Вести Бизарен ритуал на православни свештеници во кој учестува и полицијата (ВИДЕО)
Бизарен ритуал на православни свештеници во кој учестува и полицијата (ВИДЕО)

Бизарен ритуал на православни свештеници во кој учестува и полицијата (ВИДЕО)

748
1

Шокантна снимка на истерување на ѓавол од една девојка пред 300 илјади православни верници кои дошле на годишната прослава посветена на Света Петка пред црква во Јаши во Романија каде што се наоѓаат моштите на оваа светици, ја остави светската јавност без текст.

isteruvanjeНа снимката се гледа девојка во црнина со марама на глава која е вознемирена, се губи, почнува да вреска, а Брзата помош повикала полицајци да ја изнесат од масата и да ја однесат со амбулантната кола.

Кога ја извлекле од толпата, им пришла старица која сметала дека на девојката и е потребна духовна помош.

Старицата, со помош на полицијата ја одвеле девојката, која сето време врескала и давала отпор. Кога дошле до сандакот во кој биле моштите на Света Петка, бабата ја притиснала главата на девојката на ковчегот, а се придружил и свештеникот. Тој ги замолил полицајците да ја придржат девојката додека од неа го истеруваат ѓаволот.

На крајот девојката паднала во бесознание, а Брзата помош ја одвела во болница.

/РЕПУБЛИКА

Коментар(1)

  1. Кој го напиша овој наслов БИЗАРЕН РИТУАЛ …….. ?
    Кој си дозволува да го класифицира овој настан како бизарен?
    *
    Сопственикот ( или уредникот ) на оваа веб страна прво нека се потруди на секој текст да има автор, или треба да сметаме дека ако авторот не е потпишан, тоа е самиот сопственил?

    Како и да е , авторот на текстт прво би требало да се консултира со така да речам стручно лице по оваа тема па потоа да дава епитети на настанот, а второ да се запраша дали има доволно искуство во оваа “област” за да дава категоризации на некои настани!
    полицијата во случајов била од голема помош. Авторот на овој наслов бил ли на лице место за да знае колку сила е потребно да се додржи и контролира девојката!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *