Почетна Анализа Битола и Крушево на мапата на грчката црква: Каде се власите, таму чука срцето на хеленизмот

Битола и Крушево на мапата на грчката црква: Каде се власите, таму чука срцето на хеленизмот

1.21K
0

„Kаде се Власите, таму чука срцето на хеленизмот“, изјави грчкиот владика Павлос на големиот народен собир на Власите во Грција, што се одржа викендов во градот Просотсани.

На собирот на кој овој владика кој е надлежен за областа Драма во источна Грција зборувал на влашки јазик, според информациите, присуствувале и претставниците на Власите од Kрушево, Битола, Скопје и од Гевгелија. Главен организатор на прославата била Панхеленската федерација на влашките културни здруженија.

grcija– Власите многу направија за Грција и тие се храбри луѓе што имаат историја и култура, изјави, меѓу другото, во кусото обраќање овој владика, при што ја наведе и Битола како подрачје во кое живеат Власите надвор од Грција.

Неговото обраќање на влашки предизвика внимание во грчките медиуми, кои го потенцираа токму тој факт бидејќи досега тоа не била пракса,

На Власите во Грција, познато е, им е дозволено да формираат свои културни здруженија и тие како малцинска група повеќе се толерираат од страна на грчката држава. Но, официјален став е дека Власите се Грци што зборуваат на посебен дијалект, но употребата на влашкиот јазик не е многу раширена бидеjќи предизвикува отпори. Поради ова, и поради други социјално-економски фактори, во Грција се намалува употребата на влашкиот јазик. Власите во Грција, чиј број не е точно познат, главно живеат во Мегленско, но и во други подрачја.

Ставот дека Власите се дел од хеленизмот често се повторува од страна на грчките црковни великодостоинственици, како и грчките политичари. Пред неколку години тогашниот грчки пратеник во Европскиот парламент од партијата ЛАОС, Kостас Ајвалиотис, побара од европскиот комесар за човекови права, Нилс Мужњиекiс, да се заложи за признавање на 100.00 Грци во Македонија. Во рамките на дебатата за заштитата и почитувањето на Европската конвенција за човекови права тој тогаш изјави дека пописите во Албанија и во Македонија не ги регистрирале Грците и тој предвидува дека ќе има илјадници апликации пред Судот за човекови права поради тој проблем. Во тој период,ж претставници на грчката дијаспора во светот соопштија дека црковниот храм „Свети Димитрија“ во Битола е грчки бидејќи го граделе Грците. Во 2009 година Kанцеларијата за конзуларни, економски и трговски односи на Република Грција во Битола покани дел од битолските Власи на изложбата на фотографии со наслов „Од животот на Власите во 1900“. Таа беше организирана по повод националниот празник на Грција 28 октомври и се случи два месеца по збратимувањето на влашките заедници од Нижо Поле и Мегала Ливадја. Тогаш прославата помина без официјални претставници на Република Македонија или Општина Битола и покрај присуството на високи гости од странство кои допатуваа во потпелистерското село. Поради ова, некои од припадниците на влашката заедница во Битола се вознемирија особено поради фактот што Република Грција и понатаму одбива да признае какво било, вклучувајќи и влашко малцинство на својата територија, но континуирано води грижа за него во битолскиот регион. Изложбата се совпадна со објавувањето на истоимената книга од авторот Астериос Kукудис, чиј четиритомен труд беше помогнат од страна на Институтот за одбранбени анализи на грчкото министерство за одбрана, а на предговорот стои потписот на тогашниот претседател на Република Грција, Kонстандинос Стафанопулос.

grcija 3Димо Димчев, претседател на Унијата за култура на Власите во Република Македонија, ни изјави дека изјавата на грчкиот владика е веќе виден и познат вокабулар кој се користи кога е во прашање односот кон Власите во Грција и надвор од неа.

– Ова е веќе докажана грчка пракса и однос со кој тие сакаат Власите да ги прикажат како Грци. Затоа и не треба да зачудуваат вакви изјави дека таму каде што се Власите, таму е и хеленизмот. Целта е очигледна – граѓаните што се Власи да почнат да се чувствуваат и декларираат како Грци. Со повторувањето на ваквите ставови тие сметаат дека со текот на времето ќе успеат да постигнат и Власите во Македонија да почнат да се чувствуваат како Грци. Но, во Македонија нема клима и нема почва да никне семе за некакви гркофили од редовите на Власите – потенцира Димчев.

Тој досега повеќепати јавно реагира на непризнавањето на Власите во Република Грција каде што, според него, живеат повеќе од 2,5 милиона Власи. Од почетокот, па до крајот на првата половината на минатиот век Власите во Грција имале три обиди со формирање свои држави – во 1903 кога ја основаа Народната управа во Kлисура и Невеска, во 1917 година ја прогласија Автономијата Пинд, која траеше 3 месеци и во 1941 година го основаа Kнежевство Пинд на чело со кнезот Алкибијад Дијаманди, државна формација што траеше до 1947 година.

/ ДНЕВНИК (Бранко Ѓорѓевски)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *