Почетна Вера Католичка црква Бискупот Стојанов за Велигден: Христос воскресантиот е наша надеж и сила

Бискупот Стојанов за Велигден: Христос воскресантиот е наша надеж и сила

132
0

Некако со почетокот на Великиот пост ја дочекавме и невидливата опасност од пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19), која за релативно кратко време опфати голем број на земји, а што влијаеше и ја зафати и нашата сакана Татковина. Во сенката на сето она што го доживеавме и сè уште го доживуваме, сакаме на празникот Велигден како апостолот да го упатиме својот крик до Бога: „Господи, спаси нè!“ Тоа е израз на послушна вера и целосно предание во Божјите раце: „Целосно се предаваме на Твојата света волја, Господи. Повеќе не викаме за помош, затоа што гледаме дека не можеме сами да сториме ништо. Ти мора да сториш сè!“ Исус рече дека не можеме да бидеме негови ученици ако не се откажеме од сè и не го земеме својот крст и не одиме по Него, вели Скопскиот Бискуп и Епарх, Киро Стојанов во велигденската порака до католичките верници во Македонија.

За нас Велигден значи дека чувствуваме присуство на воскреснатиот Христос во неговата Црква. Тој е со нас и останува со нас. Ние сме вградени во неговото таинствено тело на Црквата, така што неговиот живот е и наш живот. Затоа, да не губиме надеж, Бог е често наш тивок придружник кој нè придружува како што ги придружуваше двајцата ученици додека одеа кон Емаус. Можеби ќе го препознаеме кај некои луѓе што ќе ги сретнеме, кај нашиот брат или сестра кои страдаат и на кои ќе им пружиме рака и ќе им помогнеме со својата љубов. Тој е наша надеж и сила во секојдневниот наш живот. Нека Тој, воскреснатиот Христос и Господ, нè доведе до Неговата светлина во Неговото Царство на љубовта, радоста и мирот. Честит празник Воскресение Христово – Велигден! Христос воскресе!, порачува Бискупот Стојанов.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *