Почетна Вести Бискупот Стојанов во посета на владиниот кабинет
Бискупот Стојанов во посета на владиниот кабинет

Бискупот Стојанов во посета на владиниот кабинет

70
0

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со делегација од римокатоличката црква предводена од бискупот скопски и апостолски егзарх во Република Македонија, г-дин Киро Стојанов.

На средбата присуствувал и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за образование Рената Дескоска, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и шефот на кабинет на Министерството за финансии Виктор Митевски.

На средбата со владиниот тим се разговарало за отворените прашања и проблеми со кои се соочува Римокатоличката црква во Македонија и за можноста на нивно решавање согласно законските прописи и уредби.

Претставниците на Римокатоличката црква посочиле на проблеми поврзани со нерешени постапки заглавени во судските лавиринти кои се однесуваат на денационализација на црковно земјиште, за потребата од возобновување на светилиштата во некои населени места, за проблеми поврзани во процесот на легализација на црковни објекти, за потребата од изнаоѓање на нова локација за изградба на
светилиште, како и на институционални бариери поврзани со престојот на свештени лица од странство.

Било заклучено дека ќе се изнаоѓаат решенија за овие отворени прашање согласно законските рамки.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *