Почетна Вести Христијанство Бискупот Стојанов упати писмо до папата Франциск по повод првата годишнина од Апостолската посета на Македонија
Бискупот Стојанов упати писмо до папата Франциск по повод првата годишнина од Апостолската посета на Македонија

Бискупот Стојанов упати писмо до папата Франциск по повод првата годишнина од Апостолската посета на Македонија

86
0

По повод првата годишнина од Апостолската посета на папата Фрањо на Македонија, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов упати писмо до Светиот Отец папата Фрањо во кое потсетува на неговата незаборавна пастирска посета на Скопје, главниот град на Македонија и родниот град на света Мајка Тереза. Во писмото бискупот Стојанов ја искажува својата благодарност за посетата и татковските зборови кои беа упатени на 7 мај минатата година.

Меѓу другото во писмото епископот Стојанов потсетува на впечатоците од зборовите на Папата искажани во авионот на враќање за Рим и Генералната аудиенција одржана на плоштадот Свети Петар во Рим следната среда, при што истакна дека „таа посета и пораките упатени за време на посетата ќе останат длабоко врежани во сеќавањето на народот и ќе ни помогнат на патот кон иднината“.

Благодарејќи најсрдечно на Светиот Отец, епископот Стојанов во името на целата Црква во Македонија, како и од сите нејзини граѓани, пишува: „Ви благодараме, на посебен начин, за Вашата татковска близина и за длабоките пасторални говори, а пред сѐ, за проповедта на светата Литургија која ја предводивте на плоштадот „Македонија“. Се сеќаваме на Вашите зборови спонтано искажани при екуменската средба со младите во попладневните часови.“

Завршувајќи го писмото, бискупот Стојанов на Светиот Отец му го гарантира заедништвото соединети преку молитвата, посебно прифаќајќи го повикот на заедничката молитва „Света Бројаница во месец мај, посветен на Блажена Дева Марија, во борбата против пандемијата КОВИД 19, за лицата зафатени од таа болест и за оние што се грижат за нив. Нашата Светица, Света Мајка Тереза, која толку многу се грижеше за сиромашните и болните нека се застапува за сите нас.“

„Во името на свештениците, монашките заедници, богословите и сиот католички народ во Македонија и од сите нејзини граѓани упатувам изрази на благодарност и преданост и синовски Ве поздравувам и молам Ваш Апостолски благослов“ – стои на крајот од писмото на Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов упатено до папата Фрањо по повод првата годишнина од Апостолската посета во Македонија.

/Ватикан њуз/к.мк

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *