Почетна Вести Христијанство Бискупот Стојанов упати благодарност до порталот Ватикан њуз
Бискупот Стојанов упати благодарност до порталот Ватикан њуз

Бискупот Стојанов упати благодарност до порталот Ватикан њуз

60
0

Од својата резиденција во Скопје бискупот Стојанов на 8 април 2019 година го благослови почетокот на работата на веб страницата Ватикан њуз на македонски јазик како 34-ти јазик на кој овој глобален портал објавува вести од Ватикан, Црквата и светот.

-Радосен сум како Бискуп – ординариј во Македонија, на сите верници католици и од источен и од западен обред, што токму на празникот Собор на свeти Архангел Гаврил (според јулијанскиот календар) можам да ги поздравам сите луѓе со добра волја што од денес и на овој многу современ начин преку веб страницата на Ватикан њуз ќе можат да ги следат активностите на Папата, Ватикан и нашата помесна Црква во Македонија. Повод на оваа добра волја на уредникот на Ватикан њуз е секако најголемиот настан во нашата најнова историја, а тоа е Апостолската посета на Светиот Отец папа Фрањо што ќе биде на 7 мај оваа година, изјавил Бискупот Стојанов.

Тој е благодарен на Бога и Светиот Престол што и на овој начин се отвора „нов прозор“ да се погледне животот на една мала црковна заедница.

-Нека е благословен овој почеток, поткрепен во мојата скромна молитва до Господа Бога биде во служба на Универзалната Црква, што е создадена од повеќе членови, од што еден од тие членови од денес ќе биде и нашата Католичка заедница во Македонија. Нека светлината на оваа веб страна биде секогаш „Светлина Христова“ за сите оние кои се наоѓаат по светот или го познаваат македонскиот јазик и народ. Сите заедно да молиме, Апостолската посета на папа Фрањо да вроди големи духовни плодови! Благодарам. Ватикан њуз се изразува и комуницира повеќејазично, мултикултурално, повеќеканално, мултимедијално и мултиуредничко ниво. Има четири тематските области кои информираат за активностите на Папата, Светиот Престол, месните Цркви, давајќи простор и на вестите од светот. Една „супер редакција“, на 34 јазици и чија цел е не само да информира, туку и да понуди клуч за интерпретација во светлината на Евангелието, изјавил Бискупот Стојанов.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *