Почетна Вера Католичка црква Бискупот Стојанов стана прв епарх на католиците со византиски обред во Македонија
Бискупот Стојанов стана прв епарх на католиците со византиски обред во Македонија

Бискупот Стојанов стана прв епарх на католиците со византиски обред во Македонија

126
0

Католичката црква во Македонија доби нов статус.  Со одлука на папата Франциск од апостолски егзархат стана епархија, прва од црквите со источен обред во регионот.  За прв епарх во новата католичка епархија која е насловена ,, Упсение на Пресвета Богородица ,, Струмица – Скопје е именуван бискупот скопски д- р Киро Стојанов кој сега ја носи и титулата Епископ струмичко скопски.  Веста на верниците за новооснованата епархија , но и благословите од папата во Струмица ги пренесе префектот на Конгрегацијата на Источни цркви кардиналот Леонардо Сандри.

,, Тоа значи дека овој дел од црковната заедница достигнал една полнота, една зрелост со која што се дава највисокиот чин кој што може да се даде во црквата, а тоа е епархијата.,, рече Кардинал леонардо Сандри, префект на конгрегацијата на источни цркви.

По повод инаугурацијата на новата епархија во катедралата Успение на Пресвета Богородица во Струмица се одржа и Света Божествена литургија .  На литургијата служеше и кардиналот Сандри кој ги прочита и декретите од папата за основањето на новата епархија и устоличувањето на д- р Киро Стојанов за прв епархиски епископ. За бискупот Стојанов основањето на новата епархија значи дека католичката заедница во Македонија е активна и жива.

,, Токму на таа нејзина живот и верност кон Христовата црква, верност кон самиот основател на црквата Господ Исус Христос, светиот отец папа на оваа наша мала заедница и додели епархија, а штом еден пат се додели епархија тоа е институција и организам на црквата која никогаш повеќе не згаснува.,, рече д-р Киро Стојанов – Бискуп скопски и епископ струмичко скопски.

Од католичката црква се надеваат дека основањето на новата епархија ќе биде повод папата Франциск да ја посети Македонија. Велат нивната желба е голема, но одлуката за тоа ќе ја донесе папата. За време на свеченоста која се одржа во Струмица покрај многубројните верници присуствуваа и голем број бискупи и верски претставници од регионот, но и до Франција, Белорусија, Унгарија , Белгија и Украина.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *