Почетна Вера Бискупот Стојанов служел во базиликата „Свети Павле“ во Рим
Бискупот Стојанов служел во базиликата „Свети Павле“ во Рим

Бискупот Стојанов служел во базиликата „Свети Павле“ во Рим

136
0

Скопскиот бискуп Киро Стојанов на празникот Свеќници, на 2 февруари 2017 година ја предводел Вечерната молитва во базиликата „Свети Павле“ надвор од ѕидините во Рим, пренесува „Католици.мк“.
На молитвата биле присутни и останатите членови на Епископската конференција Свети Кирил и Методиј, кои се наоаѓаат на повеќедневна посета „Ad limina apostolorum“ во Рим.

Sv PavleВо пригодната проповед бискупот Стојанов рекол:

Во близина на гробот на апостолот на народите во оваа велелепна базилика Свети Павле, на нашата посета на гробовите на апостолите, служиме Вечерна молитва по повод празникот Принесување Господово во храмот. Во нас оддекнуваат зборовите на апостолот Павле кој смело истакнал: не живеам повеќе јас, туку Христос живее во мене. Браќа, на овој гроб и ние стануваме свесни за нашите слабости, но и ја палиме својата душа со апостолското застапништво да ја прифатиме својата служба буквално како крст, проповедувајќи го Исус распнатиот.

Поттикнати од примерот на апостолот Павле свесни сме дека тоа навестување на крстот не е со зборови, туку со нашите животи. Ако Бог не ја поштеди од болки Пречистото Срце на Марија прободувајќи го со меч и ние не смееме да се плашиме од тој крст преку кој нашето служење станува автентично. Денес се молиме за своите соработници, свештеници, монаси и монахињи – за посветениот живот. На патот до светоста нема друг начин, туку преку милоста и молосрдието во вистински час. Да не заборавиме дека апостол Павле на своето мисионерско патување од Азија премина во Солун (Јужна Македонија) и Европа. Нека овој час на молитва биде благодарност и препорака до апостолот на народите кои ни порачува: тешко на мене, ако не го навестувам евангелието, посочил бискупот Стојанов.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *