Почетна Коментар Бискупот Стојанов повика на разум и молитви за мир во Македонија
Бискупот Стојанов повика на разум и молитви за мир во Македонија

Бискупот Стојанов повика на разум и молитви за мир во Македонија

390
1

Скопскиот Бискуп и Апостолски егзарх,  Киро Стојанов, повика на молитва и апел за мир во Македонија, по зголемените тензии како резултат на политичката криза.

– Чувствуваме одговорност за животот во нашата Татковина – Македонија. И во оваа пригода истакнуваме дека и како граѓани и како верници повикани сме да ја почитуваме автономијата и суверенитетот на Државата, Уставот и Законите. Живееме со своите различности, но иднината ја градиме заеднички за доброто на сите, иднината што ќе ни донесе мир и сигурност, стои во апелот на Бискупот Стојанов.

Во продолжение прочитајте го интеграниот текст на апелот на Католичката црква во Македонија.

Почитувани браќа свештеници, драги верници, браќа и сестри – луѓе со добра волја!

Во нашата Татковина – Република Македонија, деновиве сме сведоци на настани кои не само што вознемируваат, туку влеваат и страв. Што е тоа што се случува во нашето општество? Надвиснале мрачни облаци на немир и недоверба. Тие ги загрозуваат темелните вредности на едно општество што ние како граѓани се обидуваме да го градиме со нашиот човечки и вернички идентитет.

Бог нè повикал во живот овде и сега, затоа секој од нас го има повикот своите таленти да ги вложи токму за изградба на ова општество, во мир и слобода. Чувствуваме одговорност за животот во нашата Татковина – Македонија. И во оваа пригода истакнуваме дека и како граѓани и како верници повикани сме да ја почитуваме автономијата и суверенитетот на Државата, Уставот и Законите. Живееме со своите различности, но иднината ја градиме заеднички за доброто на сите, иднината што ќе ни донесе мир и сигурност.

Како верници, во секое општество, па така и во нашето, ние имаме посебна задача, а таа е сесрдно да воздигаме молитва до Семоќниот Господ Бог, Тој да ја заштити од секое зло оваа наша напатена земја, да ѝ подари мир и сигурност. Мирот се раѓа во срцето и во совеста. Мирот е Божји дар, Божји план за човештвото, а немирот се раѓа кога човекот е далеку од Бога. Да се вратиме во Бога, за мирот да се врати во нашите срца, во нашите семејства и во нашето општество. Затоа ги упатуваме нашите молитви до Бога за сите оние кои ја носат одговорноста за заедничкото добро на оваа земја, молиме Светиот Дух да ги просветли и исполни со мудрост и со сила за во мир и низ дијалог, спогодбено да ги носат одлуките за општото добро на сите луѓе. Исто така го повикуваме секој човек со добра волја, да даде свој придонес за мирен соживот и за почитување на неотуѓивите права дадени од Бога.

Со овие размисли повикувам во сите наши Цркви во Скопската бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија за поинтензивни молитви за благосостојба на ова наше општество, а со тоа и за доброто на нашата Татковина – Република Македонија.

Biskup StojanovПочитувани браќа свештеници, драги верници, браќа и сестри – луѓе со добра волја, на сите вам ви упатувам Божји благослов, молејќи, по застапништвото на Пресвета Богородица, свети Климент Охридски и света Мајка Тереза, Семоќниот Господ Бог, Создател и Спасител на човечкиот род, да поттикне многумина решително да се заложат за изградба на „цивилизација на љубовта“ и на меѓучовечките односи, без кои не може да се оствари мирен и сигурен заеднички соживот во ниту едно животно опкружување.

Со Божји благослов

Киро Стојанов, Бискуп

Коментар(1)

  1. Nemote bas ovoj , sinonim na razdorot medju makedoncite da go naveduvata kako primer na nekoja si pravednost i tolerancija, koga se znae deka e toj exponent na edna stranska misija vo Makedonija, nemote takvi anahronizmi protvrecnosti nelogicnosti—Makedonci pa uste i katolici. koga se znae kako makedoncite ja primile katolickata vera —za golemi pari se prodale si ja menile pradedovskata vera. to e primerot na –si prodale vera za vecera.Pa Makedonskite katolici se najnegativniot primer na kohezija na eden narod. Zalosno–Makedonci pa uste i katolici.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *