Почетна Вера Бискупот Стојанов подари монографија за Света Мајка Тереза на претседателот Иванов
Бискупот Стојанов подари монографија за Света Мајка Тереза на претседателот Иванов

Бискупот Стојанов подари монографија за Света Мајка Тереза на претседателот Иванов

66
0

Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов вчера во претседателската резиденција ја подарил монографијата „Денови на Света Мајка Тереза во Скопје 2016“ на претседателот Ѓорге Иванов, пренесува „Католици.мк“.

Бискупот Стојанов се заблагодарил на претседателот Иванов што бил генерален покровител на татковинската прослава „Денови на Света Мајка Тереза“, која се одржа во Скопје од 5-11 септември 2016 година, во чест на канонизацијата на светицата.
Заедно се присетиле на тие убави моменти и истакнале дека и овој настан ги обедини луѓето во нивната различност и верска и национална, констатирајќи дека токму таа вредност ја живееше Мајка Тереза, а која ја научи во своето родно Скопје.

biskupБискупот Стојанов се осврнал и на неодамнешната „Ад Лимина“ посета во Рим заедно со останатите членови на Меѓународната бискупска конференција „Свети Кирил и Методиј“ и на претседателот Иванов му ги пренел поздравите од Светиот Отец, папата Франциск.

Исто така, бискупот рече дека папа Франциск се присетил на разговорот со претседателот Иванов со кој, како што кажа, имал убав разговор за христијанството во Македонија.

Според „Католици.мк“, на крајот од оваа срдечна средба претседателот Иванов се заблагодарил на бискупот Стојанов за монографијата, која сведочи за убавите настани.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *