
Бискупот Стојанов одбележа 30 години служба на Бога
154
0
Со Архиерејската света Литургија, која ја служел Бискупот Киро Стојанов во сослужение со свештеници на Католичката Црква бил одбележан јубилејот триесет години свештеничката служба на Апостолскиот егзарх во Македонија и Скопски бискуп, Киро Стојанов, пишува порталот „католици.мк“.
-Пред 30 години на оваа место во старата црква од рацете на Н.В.П. д р Јоаким Хербут, бев ракоположен за свештеник. Голема благодарност искажувам на Бога, на покојниот владика Хербут, на своите родители, браќа и сестри, на сите верници. Ве повикувам сите да се молите за мене и за сите свештеници и чесни сестри, изјавил Стојанов.