Почетна Вести Христијанство Бискупот Стојанов ја прими новата хрватска амбасадорка во Македонија
Бискупот Стојанов ја прими новата хрватска амбасадорка во Македонија

Бискупот Стојанов ја прими новата хрватска амбасадорка во Македонија

126
0

Во епископската резиденција во Скопје, на 3 декември 2019 година, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов ја прими новата амбасадорка на Хрватска, Нивес Тигањ во Македонија.

Бискупот Стојанов ја запозна новата амбасадорка Тигањ со историјата и активностите на Католичката црква во Македонија, која е организирана во Скопска Бискупија, за верниците од западен обред и Струмичко – скопска епархија за верниците од источен обред, како и за поврзаноста со Бискупските конференции во Хрватска и Босна и Херцеговина. Соговорниците исто така се осврнаа на животот и активностите на Хрватската заедница во Македонија, како и за претстојното претседавање на Хрватска со претседателството на Советот на Европската унија.

Амбасадорката Тигањ изрази благодарност за средбата, како и подготвеност за соработка.

/Ватикан њуз/к.мк

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *