Почетна Вера Бискупот лично им се заблагодари на организаторите на прославата за Света Мајка Тереза
3
32
31
30
29
28
27
26
25
24
23
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Бискупот лично им се заблагодари на организаторите на прославата за Света Мајка Тереза

173
0

Католичката црква во Македонија им се заблагодари на сите кои што беа дел од координативното тело за реализација на прославата „Денови на Света Мајка Тереза„. Скопскиот бискуп и апостолски егзарх, Киро Стојанов, синоќа во бискупската резиднеција во Скопје, на свечен прием им поделил медалјони со ликот на Света Мајка Тереза и благодарници за членовите на почесниот одбор и благодарници за членовите на коориднативното тело.

-Оваа наша средба, иако случајно, се случува на еден многу значаен ден, токму на денешен ден, пред 88 години, св. Мајка Тереза заминува од своето родно Скопје за Калкута, изјавил Бискупот Стојанов.

Меѓу поканетите гости биле присутни, министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменик министерот за образование Спиро Ристовски, директорката на Комисијата за верски заедници и религиозни групи Валентина Божиновска, гувернерот на Народна банка на Република Македонија Димитар Богов, градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити, генералниот секретар на кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Борис Јосифовски, претставник на градоначалникот на град Скопје, претставник на архиепископот на МПЦ-ОА, претставник на реис-улема на ИВЗ и други гости.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *