Почетна Вести Бискупот кој ги собра „лајковите“ на на социјалните мрежи
Бискупот кој ги собра „лајковите“ на на социјалните мрежи

Бискупот кој ги собра „лајковите“ на на социјалните мрежи

354
1

Бањалучкиот Бискуп Фрањо Комарица стана најомилениот лик на социјалните мержи во БиХ, Хрватска, но и во други земји од регионот, поради неговиот исклучително позитивен гест да им се придружи на муслиманите во молитвата по отворањето на Ферхад-пашината џамија во Бања Лука, која беше обновена по 23 години од нејзиното уривање за време на војната.

Banja luka biskup 2Фотографијата на која тој се наоѓа во џамијата и се моли го воодушеви регионот и стана една од најсподелуваните фотографии на социјалните мрежи.

-Цврсто верувам дека сите нас не создал истиот Бог и верувам дека сме должни еден на друг да ми чиниме добро, а не зло. Тоа е обвска на секого, односно на оној кој верува во Бога. Како верник го молам Бог со својот благослов да ги следи сите верници муслимани кои во овој дом му се поклонуваат, изјави Бискупот Комарица, а потоа присуствуваше на попладневниот намаз.

Во бројните коментари и споделувања на оваа фотографија, најчести се оние дека ова е пример за почитување без разлика на кој Бог му се молиме, како и „Респект“, „Го сакам овој човек“, „Секоја Чест на овој голем човек“…

Коментар(1)

  1. Под ова небо нема друго име со кое можеме да се спасиме освен со Христос
    Апостол Павле+

Напиши одговор на Филип Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *