Почетна Вести Свет Бискуп од Њујорк обвинет за сексуално малтретирање малолетник
Бискуп од Њујорк обвинет за сексуално малтретирање малолетник

Бискуп од Њујорк обвинет за сексуално малтретирање малолетник

42
0

Бискуп од една католичка црква во Њујорк беше отстранет од работното место поради обвиненија за сексуално малтретирање малолетник, соопштуваат од црквата.

Џон Џеник (74) е обвинет дека имал сексуални односи со Мајкл Минан (52) пред 40 години. Според извори, сексуалното малтретирање траело од 1980 до 1986, при што Минан вели дека спиел во домот на Џеник 70-ина пати.

„Иако бискупот Џеник ги отфрли обвиненијата како лажни и тврди дека е чесен свештеник, тој сепак се повлече од позицијата, а додека ја чекаме пресудата од Рим, тој не смее да се претставува како бискуп или свештеник“, вели архиепископ Тимоти Долан.

Во 2016 Бискупијата од Њујорк почна програма за компензација за помош на жртви на сексуално малтретирање од страна на свештени лица.

За време на програмата овие обвиненија беа презентирани пред одборот, кој е задолжен за мониторинг и заштита на децата во Католичката црква.

„Иако се работи за обвиненија за настани што се случиле пред неколку децении, сметаме дека имаме доволно докази и оти обвиненијата се веродостојни“, додава Долан.

Обвинетиот Џеник, пак, вели дека тој ќе ги почитува правилата на Бискупијата и дека нема да биде активен на својата позиција додека случајот не биде решен.

/makfax

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *