Почетна Вера Биксупот Киро на папата Франциск му ја подари монографијата „Денови на света Мајка Тереза“
Биксупот Киро на папата Франциск му ја подари монографијата „Денови на света Мајка Тереза“

Биксупот Киро на папата Франциск му ја подари монографијата „Денови на света Мајка Тереза“

70
0

За време на посетата Ад Лимина на бискупот Стојанов во Рим и средбата со папата Франциск на 30 јануари 2017 година, на Неговата светост му ја подари монографијата „Денови на света Мајка Тереза“, пренесува „Католици.мк“.

бискуп1Во монографијата „Денови на света Мајка Тереза“ е поместен преглед на настаните што се случуваа во нашата земја за време на Татковинската прослава одржана по повод канонизацијата на блажена Мајка Тереза.

Книгата претставува одличен потсетник за настаните опфатени во Татковинската прослава, но и драгоцен запис за историјата. Во книгата се поместени обраќањата, излагањата, проповедите, литургискиот водич, документите поврзани со настанот како и богата фотогалерија. Оваа книга која е своевиден придонес во издаваштвото на католичка литература во Македонија е сведоштво за значајниот настан што се случи на плоштадот Македонија во Скопје, за прв пат во историјата, каде беше одржана света Миса предводена од делегат на Светиот Отец папа, Н.Е. Винко Кардинал Пулиќ, Надбискуп и Митрополит Врхбосански.
Ова беше централен настан на Татковинската прослава чиј покровител беше лично претседателпот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов.

бискуп2
Главен уредник на ова издание е Н.В.П монс. д-р Киро Стојанов, а во изработката на монографијата учествуваа: дон Давор Топиќ, Катица Трајковска Абјаниќ, м-р Ена Абјаниќ, о. Д -р Зоран И. Стојанов и о. Гоце Костов. Книгата има 190 страници, а е во издание на печатницата „Софија“ од Богданци.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *