Почетна Вера Бигорските монаси го враќаат сјајот на Богојавленското радование во реканскиот крај
36x
35x
34x
33x
31x
30x
29x
28x
27x
26x
25x
24x
23x
21x
19x
18x
17x
16x
15x
14x
13x
11x
09x
07x
05x
04x
03x
02x
01x
01x (1)

Бигорските монаси го враќаат сјајот на Богојавленското радование во реканскиот крај

2.89K
0

Монашкото братство и сестринство на Бигорската Обител го враќа духот на чествувањето на еден од највеличествените празници, Богојавление, или познат како Водици во реканскиот крај.

Секоја година се повеличествена е прославата на овој празник, каде доаѓаат стотици верници од цела Македонија. Потврда за тоа е и Душан Чимев од Виница кој го фати светиот Крст, што го положи Архимандритот Партениј. Годинава бројот на пријавени верници за скокање по светиот крст во реката Радика беше речиси идентичен како и оние кои за празникот се пријавиле во Скопје.

Тоа на Бигорскиот Манастир и на Архимандритот Патрениј му дава верба дека празнувањето на Водици ќе го врати сјајот на традицијата што со векови постоела во овој крај. Годинава голем број од најавените верници и гости за настанот не успеала да пристигнат поради снежните врнежи овие денови.

-И самата природа со своето снежно белило како да ја сведочеше таинствената светлина на овој ден. Сепак, таа чудесна светлина, најсилно ги озари сите присутни на празничната богослужба во новоживописниот ростушки храм на Пресвета Богородица, каде што благодатните зраци на Богојавленската Литургија силно ги пронижаа нивните срца, осенувајќи ги со радоста на Просвештението. Како целата природа да се придружила на громогласното пеење во храмот, кога со радосните стихови на торжествениот тропар се објави Крштението на Господа во Јордан и сведоштвото на Света Троица. И целата природа се радуваше кога верните, облагодатени од небоземната Литургија, со весело расположение се упатија во празнична литија кон мостот, за таму молитвено да земат удел во традиционалното осветување на водите. Обилната снежна покривка и зимска свежина не можеа да ги спречат пријавените кандидати да влезат во студените води и таму да го стекнат благословот на осветувањето. Среде насобраното мнозинство на мостот се слушна Гласот Господов, кој низ устата на Старецот ги повикуваше верните: „Пријдете примете го сите Духот на премудрост, Духот на радост, Духот на страв Божји, на Христа Кој се јави“, и се изврши чинот на осветувањето. А оној што се удостои да го извади од водата крстот ,што нашиот Старец, Архимандрит Партениј го положи во неа, 24-годишниот Душан Чимев од Виница, покрај обилниот благослов, штедро излеан врз него од Господа, беше награден и со пригоден подарок од страна на нашите редовни дарители и големи пријатели на манастирот, општината Маврово-Ростуше и компанијата „Ха-Ем“, велат од Бигорски.

Погледнете ја вечичествената галерија на Бигорски:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *