Почетна Вести Христијанство Бигорски в недела одбележува еден милениум монашки живот
Бигорски в недела одбележува еден милениум монашки живот

Бигорски в недела одбележува еден милениум монашки живот

197
0

Бигорскиот манастир в недела ќе одбележи редок јубилеј, еден милениум од основањето. Во овие 1000 години, Бигорски е манастир во кој со мали прекини има континуитет на монашки живот.

Десет века е јубилеј со кој ретко која православна црква може да се пофали.

Според програмата за прославата, во сабота, на 17 октомври, со почеток во 18:00 ч. ќе биде отслужена архијерејска Вечерна богослужба, на којашто молитвено ќе претстои надлежениот архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Во недела, на 18 октомври, со почеток во 9:00 ч. ќе биде отслужена Божествена архијерејска Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

По завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните ќе се обрати Архиепископот г. г. Стефан, а после него и покровителот на прославата, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски.

Во продолжение, од страна на Митрополитот г. Тимотеј и Епископот г. Партениј ќе бидат доделени ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за благолепието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

За оние коишто нема да бидат во можност физички да присуствуваат, ќе биде обезбеден директен пренос на МТВ, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот, на Бигорскиот манастир.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ КОВИД 19.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО:

Погледнете го видеото за најава на настанот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *