Почетна Вера Бигорски: Преобрази нè, Христе, со Твојата светлина
30
29
28
27
26
25
24
23
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Бигорски: Преобрази нè, Христе, со Твојата светлина

303
0

Манастирското братство и сестринство од Бигорската Обител го одбележа големиот христијански празник, Преображение Господово, како и секогаш со вечерно молитвено бдение и утринска литургија.

-Денес не само што Христос им покажа на учениците дел од својата слава Божествена, туку и ги научи дека Неговата светлина го осветлува и вештественото тело и целата видлива природа. Со тоа нашиот мил Спасител ни открива дека човечкото тело не само што може, туку и треба, преку благодатта Божја и нашиот личен подвиг, да стане пребивалиште на живиот Бог, храм на Божјата слава. Преображението Господово ни покажува дека и ние сме повикани да биде сопричесници на Таворската светлина, на славата Божја, на Царството на Бога; дека тоа Царство се содржи во славата Негова, во нетварната Светлина. Таворската светлина не се ограничила само на тројцата Апостоли. Од денот на Педесетницата таа ја озарува целата Црква Христова и се распространува низ светот преку присуството во Неговите светии. Но, и секоја Света Литургија е оприсутнување на таа обоготворувачка светлина. Тоа особено се почувствува денес, на Литургијата началствувана од нашиот Старец, Архимандрит Партениј, кога сите пристуни во бигорскиот храм се исполнија со светлата преображенска радост, чиишто зраци започнаа да наѕираат уште за време на вчерашното молитвено бдение. И сите ние, по неискажливата милост Божја, го вкусивме тоа веселие на славата Божја, што пред нас го откриваа благодатните песнопенија на денешниот празник, велат монасите од Бигорскиот манастир.

/ФОТО: Бигорски

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *