Почетна Вести Христијанство Бигорски пред неделната прослава – строго почитување на порепораките за заштита од Ковид 19
Бигорски пред неделната прослава – строго почитување на порепораките за заштита од Ковид 19

Бигорски пред неделната прослава – строго почитување на порепораките за заштита од Ковид 19

151
0

Бигорскиот манастор, непоредно пред одржувањето на прославата за 1000 годишнината од основањето на манастирот, со нови предупредувања за строго почитување на протоколите за заштита од Ковид 19. Манастирот, во координација со здравствените власти ги дефинира протоколите по кои ќе се одвива настанот, а од верниците бара доследно почитување на препораките.

Во дополнителното појаснување за настанот, Бигорски посочува дека поради зголемениот број на нови случаи на коронавирус, програната на 18 октомври, вкучително и светата Богослужба. Ќе се одвива на отворено во дворот на Манастирот. Тоа значи дека и можноста за присуство во дворот на манастирот ќе биде лимитирана.

Во продолжение целосното соопштение.

Возљубени пријатели на Свештената Бигорска Обител,

Ве известуваме дека поради зголемениот број случаи на заразени од ковид-19, како и засилените мерки и препораки на Министерството за здравство и на другите здравствени институции, прославата на 1000-годишнината од основањето на Свештената Бигорска Обител ќе се одвива со строго запазување на предвидениот протокол за заштита.

Повторуваме дека програмата на 18 октомври, вклучително и светата богослужба, ќе се одвива на отворено, во дворот на Манастирот, каде ќе биде поставена монтажна бина, а исто така и два видео-екрани. На неколку места ќе има пунктови за дезинфекција, а носењето на маски и одржувањето на потребното растојание се задолжителни. За доследно запазување на споменатите мерки ќе биде ангажирана професионална и лиценцирана екипа на редари, коишто ќе се грижат бројката на посетители да не го надмине дозволениот капацитет според протоколот за заштита.

Исто така, за оние коишто нема физички да присуствуваат на прославата, ќе биде обезбеден директен пренос на МТВ, на нашата Фејсбук страница и на нашиот Јутуб канал.

Ви благодариме на разбирањето и ги просиме вашите молитви!

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *