Почетна На иста страна БИГОРСКИ: Македонците муслимани се наши браќа
БИГОРСКИ: Македонците муслимани се наши браќа

БИГОРСКИ: Македонците муслимани се наши браќа

4.55K
2

Бигорскиот манастир и монашкото братство ја поздравува иницијативата и несебично го поддржува процесот на целосна интеграција на Македонците муслимани, (или мухамеданци, како што ги нарекуваат) во македонското општество, оценувајќи дека неправедно е да се смета дека тие се нешто различно од македонскиот народ.

Архимандритот Партениј и монашкото братство, вчера беа дел од промоцијата на книгата за филот за Македонците со исламска религија во историски и современ контекст.

-Нашето монашко братство го поздравува и искрено се радува на излегувањето на овој прекрасен Зборник, којшто дава драгоцени известија од историски и современ аспект за нашите браќа по крв, Македонците мухамеданци. Активно го подржуваме исто така, и процесот за нивна целосна интеграција во нашето општество, бидејќи, навистина, неправедно е да смета дека тие се нешто различно од македонскиот народ. Впрочем, негирањето на овој суштествен и жизнено важен член од нашиот народносен организам, доведува до погубно расплотување на телото на македонската самобитност, велат од Бигорскиот манастир.

Тие особено го подддржуваат стремежот на Македонците муслимани да го задржат, или оние што го немаат – да го вратат, суфиксот -ски/-ска во своите презимиња, зашто тој, заедно со суфиксот -ов/-ова, е најкарактеристичниот македонски патронимичен суфикс – особено за Западна Македонија – со кој се изразува припадноста кон македонскиот славјански етникум.

-И ако поради арапската провиниенција на најголем дел од личните имиња на Македонците муслимани, не може да се разграничи на која народност тие припаѓаат, тогаш, презимињата остануваат како основен личен показател за нивниот македонски национален идентитет. Затоа, суфиксот –ски има темелна важност за целосна интеграција на Македонците муслимани во нашата народна македонска посебност и во нашето современо општество. Исто така, клучно значење за интеграцијата на Македонците со исламска религија има и поставувањето на националното чувство на прво место, над сите дневнополитички, економски или лични интереси, велат од Бигорски.

bigorskiiЗа есенцијалната улога, пак, на Бигорското Светилиште во процесот на интегрирање на Македонци-мухамеданци, сведочи фактот што ова братство во изминатите две децении изгради и негува исклучително пријателски, и братски односи со нив, не правејќи никаква дискриминација врз оснава на нивната религиска припадност.

-Тоа придонесе и тие да го чувствуваат Бигорскиот Манастир како свој, не само културно-историски, ами и духовен центар. Токму затоа, нашиот игумен, Архимандрит Партениј, кој, со својата евангелска широкоградост и човекољубие, е, всушност, главниот поборник за еднаквоста и неделивоста на Македонците муслимани од македонскиот род, и прв потписник на Апелот до Владата за нивна интеграција во нашето општество, во своето слово на свеченоста за осветувањето на конаците Горни и Источен Палат, на 26 април минатата година, им изрази посебна благодарност за нивната помош при возобновувањето на Манастирот: „(…) И, секако, она што ќе остане непобитен сведок за времето и историјата, за тоа дека доброто срце не познава определеност, граници и меѓи – фактот дека на помош, нам монасите и на ова светилиште на македонската духовност и култура, пристапија и многумина од нашите браќа по крв, Македонци со мухамеданско верување…“, посочуваат од Бигорски.

Коментар(2)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *