Бигорскиата Обидетл почнува нова социјално-образовна мисија во Мијачкиот крај. Со благослов на епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорската Обител, неа отганизирани првите мултикутурни и мултирелигиски средби, кои имаат за цел да го зајакнат сиживотот во реканскиот крај. Првата средба, на која учествувале родители и деца од различна верска и етничка приопадност беше неодамна во целосно возобновената трпезарија при храмот Пресвета Богородица во селото Ростуше.
Целта на ова мисија е преку инспиративно едикативно дружење, користејќи интерактивни методи улесниците да ги зајакнат миралните вредности за меѓусебните односи.
-На наша голема радост, присутни беа дел од најмладите во крајот, без оглед на нивната етничка или религиска припадност. Беше навистина огромно задоволство да се биде дел од ова инспиративно едукативно дружење, на кое преку интерактивен метод децата изразија прекрасни мисли и заклучоци во однос на дадената тема, искажувајќи ја на тој начин радоста од својот веќе утврден соживот, како и најискрена желба за уште поквалитетно заедничарење и конструктивен развој во меѓусебните односи. Не можеше да се сокрие и воодушевувањето кое беше присутно и кај нивните родители, кои пак, од своја страна изразија искрена благодарност кон оваа иницијатива на владиката Партениј и неговите усилби и визија за уште поголем напредок на луѓето од регионот. Се надеваме дека оваа добра практика ќе вроди со голем плод и ќе придонесе за соработка со останатите лица и институции, како и со уште поголемо присуство на заинтересираните од сите возрасти, велат од Бигорската Обител.
