Почетна Вести Бенедикт XVI: Геј лобито во Ватикан е реалност
Бенедикт XVI: Геј лобито во Ватикан е реалност

Бенедикт XVI: Геј лобито во Ватикан е реалност

373
0

Поранешниот папа Бенедикт ХVI ги објави мемоарите во кои тврди дека никој не го присилил на откажување од тронот, а во нив наведува дека геј лобито во Ватикан се обидело да влијае врз донесување на одлуките, пишува италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Cardinals gather before the start of theПрвпат во историјата на Ватикан еден папа пишува за својот понтификат. Во книгата „Последни разговори“, Бенедикт XVI ги објавува долгите интервјуа што ги водел со германскиот новинар Петер Сивелд, а ќе биде објавена на 9 септември.

Бенедикт XVI од ватиканскиот трон се повлече во 2013 година и на тој начин стана првиот папа по 600 години кој се откажа од должноста.

Во широките изводи од книгата, весникот пишува дека Бенедикт објаснува дека знаел за постоењето на „геј лоби“ кое го сочинувале четири-пет лица, кои се обидувале и да влијаат врз одлуките на Ватикан. Во книгата се наведува дека пензионираниот папа успеал да ја разбие таа, како што се наведува, моќна група.

Поранешниот папа во книгата вели дека само неколку многу блиски луѓе  знаеле за неговата намера да се откаже од престолот, стравувајќи дека веста би можела да протече пред тој изненадувачки да ја објави, на 11 февруари 2013 година.

Тој вели и дека „не можел да верува“  кога кардиналите на тајна конклава во 2005 година го избрале за наследникот на Јован Павле II, но и дека бил „изненаден“ кога во 2013 година за негов наследник бил избран папата Франциск, пренесе порталот Индекс.хр.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *