Почетна Политичка теологија Бегиќ: Исламофобијата е нешто внимателно подготвувано
Бегиќ: Исламофобијата е нешто внимателно подготвувано

Бегиќ: Исламофобијата е нешто внимателно подготвувано

127
0

Повеќекратно наградуваната босанска авторка, Аида Бегиќ, чиј најнов филм „Не оставај ме“ го отвори овогодишниот фестивал во Анталија, изјави дека исламофобијата е нешто многу внимателно направено, јавува Anadolu Agency (AA).

Станува збор за приказна која ги тематизира сириските деца-бегалци кои живеат во југоисточниот дел на Турција, а посебен момент на церемонијата беше кога Бегиќ синоќа на сцената се појави токму во придружба на сириските деца-бегалци кои глумат во нејзиниот филм.

Бегиќ изјави дека е непроценливо тоа што го гледала филмот со истите деца кои глумеле во него.

Таа додаде дека процесот на креирање на филмот траел околу две години.

„Обично кога снимате филм, истражувате, потоа наоѓате актери кои ќе глумат, но овие луѓе беа вистинските“, изјави Бегиќ која додаде дека било прекрасно да се гледа резултатот од филмот што настанал на тој начин и дека станува збор за поразлично чувство.

Според нејзините зборови, децата кои играат во филмот пред самото снимање немале многу самодоверба.

Таа смета дека кинематографијата не се посветува доволно на проблемите на жените и на децата, и дека токму од таа причина како главна тема на своите филмови ги бира општествените проблеми на жените и децата.

Бегиќ се осврна и на проблемот со исламофобијата.

„Исламофобијата е нешто многу внимателно подготвено. Дојде преку медиумите, преку децении долго прикажување на муслиманите на одреден начин. Ако погледнете како муслиманите, црномурестите луѓе, жените со хиџаб се прикажани во вестите, во кинематографијата со децении, ќе видите дека исламофобијата е нешто планирано“, изјави Бегиќ.

Таа додаде дека доколку не била муслиманка, следејќи ги медиумите, можеби би се плашела од муслиманите.

На крајот додаде дека верува оти кинематографијата може да ги поврзе луѓето и потсети дека во секоја култура, религија и подрачје постојат добри и лоши луѓе.

„Ако нѐ опфатат лагите и генерализирањето, ќе изгубиме. Треба да се разбереме едни со други, инаку не можеме да надминеме ниту една фобија, ниту исламофобија. Верувам дека кинематографијата од тој аспект може да биде мост меѓу различните култури и начини на живот“, додаде Бегиќ.

/A.A

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *