Почетна Коментар Барем се разбудија српските владици од вековниот националистички сон
Барем се разбудија српските владици од вековниот националистички сон

Барем се разбудија српските владици од вековниот националистички сон

288
1

Медиумите од Македонија, коректно ги пренесоа изјавите на поглаварот на СПЦ, патријархот  г. г. Иринеј и на епископот Бачки на СПЦ, г.Иринеј. Дури и онаа кога патријархот “богострамежније” на македонските владици им ја подари титулата: НЕЗРЕЛИ!!!

И тоа е добро, народот треба да биде навремено и правилно информиран.

Веднаш да кажам дека не спагам мегу воодушевените од најновото “фамилијазирење” на МПЦ и БПЦ и од постапките на македонските владици и воопшто од материјалот што го носат поединци во Синодот. Мегу нив има и такви кои и не се баш некое достоинство за македонскиот народ, следствено и за самата црква. Но, се што имав да кажам на таа тема, во односна приближувањето, кажав уште на 20 ноември 2017 година во колумната Трпение,трпение господо владици.

Следствено проучував иуште нешто од литературата и белетристиката, што дотогаш не го знаев. Дури најдов и поткрепа на моите зборови, и тоа не од било кого туку  од еден Доне Илиески, алфа и омега по прашањето на црковните односи МПЦ-СПЦ, догогодишен секретар на Комисијата за прашања на верските заедници, и тоа од времето кога истата ја водел еден Страхил Гигов, а не најобични пачаври од ковот на Валентина Божиноска, дамата со крвавите раце од “Ноќта на долгите ножеви”!!!

,,Со децении не се изменија односите помегу овие две цркви.Сепак едно е сигурно и ненаметливо во севкупните односи: трпеливоста. Грчката православна црква на своетопризнавање чекаше 27 години.Романија 21, а Бугарија 78 години”.(Доне Илиевски ( “Автокефалноста на Македонската православна црква”).

Одлуката за прогласување на МПЦ ја донесе Третиот македонски црковно-народен собор (17-19 јули 1967) во Охрид. СПЦ реагираше “промпно”, веќе во aвгуст истата година, константирајќи (“jеднодушно и jедногласно””) дека “МПЦ се отцепила од својата мајка црква во расколничка верска организација”. Македонија пак се уште беше “Југот на Србија”, СПЦ “не го дава она што го стекнала низ историјата”, прашувајќи “што ќе биде со Србите во Македонија”, затоа што “се уште има луге кои носат рани од Кајмакјчалан”!?

Соборот во Охрид, избра и хиерархија. За архиепископ,поглавар на МПЦ го избра викарниот епископ топлички Доситеј (Стојковиќ), инаку роден Мавровчанец,  кој вака ќе го опише тој настан: “Ние не САКАМЕ ДА СЕ КАРАМЕ СО СПЦ. И НЕ СЕ КАРАВМЕ. Едноставно донесовме одлука за обновување на Охридската архиепископија и со тоа ја прогласивме МПЦ.Не сакајќи да и создаваме проблеми на државата, која ја одвои црквата од себе,се согласивме на еден вид унија-српскиот патријарх да биде и македонски патријарх. Мегутоа Соборот на СПЦ тоа не го прифати, туку тоа ГО КОНСТАТИРА ВО ТАЕН ЗАПИСНИК.  (ЗНАЧИ ВОДЕА ДВА ЗАПИСНИКА,ЕДЕН ЗА ЈАВНОСТА,ДРУГИОТ ТАЈНО.) (подвлеченото мое).

Значи ако било така, тогаш во што е суштината на спорот?  Најверојатно во вечната дилема за “староста на јајцето и кокошката”!?Првиот наш архиепископ Доситеј, вака ја објаснува суштината: “Ние баравме канонски отпуст од СПЦ, а тие ни дадоа нешто повеќе од автономија, да речам афтокефалност, само со заеднички патријарх. Но тие сакаа ние отворено и јасно да признаеме дека СПЦ е мајка црква, а јас прашувам дали може Охридската архиепископија, која е мајка на СПЦ да биде ќерка!?Добро ние можеме да речеме:Српска цркво сега си ни мајка и де јуре и според законите на една држава во која сите сме биле потчинети па сме морале да молчиме и сето тоа да го примаме.Но сега, кога добивме независност,  државност и суверенитет, ние сметаме дека во таа држава треба да имаме поинакви духовни односи, да уништиме се што донесоа непријателите, да го обновиме старото, но и да создадеме нешто ново кое никој повеќе не ќе може да го разурне”.

За СПЦ, значи е тоа суштината. Да се признае мајчинството.Да не ја враќаме работата толку назад кога диецезата на Охридската архиепископија имала 31 епископија (сосе Србија преку Дунав!), додека одвојувањето настанало (канонски и механички во рамките на границите на државата на Немања и на неговиот син Стефан Првовенчани, со основањето на Пеќката патријаршија (1219) во Жича. Со падот на српската држава под Османлиите (1459) престанува и Пеќската патријаршија и сите нејзини епархии се вратени во Охридската архиепискоипија.

( “Таа, за нашата национална црква беше матица од која потекнуваше и во која, во случај на нациоонална несреќа, одново се соединуваше” – пишува “Браќо Срби”, вашиот учен, Александар Јовановиќ, во книгата “Создавањето на егзархијата на Турција, Русија и Србија”).

Пеќката патријаршија ја укунал султан Мустафа Трети, во 1766, а само година дена подоцна, укината е и Охридската архиепископија од страна на цариградскиоот патријарх Самоил.

И сега да го завршиме делот за “јајцето и кокошката”. После  1918 година, во времето на создавањето на Кралството СХС, шесте епархии од Македонија,под канонска управа на Цариградската патријаршија, после едногодишни преговори мегу Белград и Цариград, КУПЕНИ СЕ за еден милион и 500 илјади франци (!), а податоците ги има во книгата “Српската црква”, од 1919 година, страница 269.

До овде се е историја. Купопродажниот договор “браќо Срби”, траеше до 6 април 1941 година. После тоа, се е современости го знаат и малите деца!

Патријархпот Герман три пати престојувал во Македонија, богосслужел, ама одбивал да се декларира како “српски и македонски“.Ете,тоа второто му пречело и нему!

Тоа што не сум воодушевен од постапките на македонските владици, воопшто не значи дека се согласувам со постапките на патријархот Иринеј, кого лично го познавам затоа што беше дел од делегацијата, Комисијата за преговори со МПЦ, a во мојата приватна архива останала и заедничката фотографија од пред манастирот Свети Наум.

Значи, и покрај моите двострани несогласувања, кога “бијат Турците, ама и Србите!”, кога МПЦ се обиде да бара и други патишта за својата мака, ако има нешто добро, тоа е што се разбудија српските владици. Се разбудија од долговековниот националистички сон. Кога веќе цитираниот Доне Илиески, како член на црковна делегација на состанокот (читајте добро- ВО ДВОРОТ!) на српската патријаршија, директно го прашал тогашниот поглавар Дожиќ, дали ја признава македонската нација и јазик, директно одговорил: “Не ја признавам”.

СПЦ која ја обвинува МПЦ дека е производ на политиката, во 1967 година и денеска за политичко замешателство на Заев и Борисов, заедно со владиката Наум, не треба да заборава дека во времето на Ј.Б.Тито, во времето на тогашниот патријарх Викентие, работела на создавање на ЈПЦ (Југословенска православна црква!?), дури Светиот архиерејски собор на СПЦ (по средбата Тито –Викентие) донел одлука за одлагање на пополнувањето на испразнетите места во епархиите во НР Македонија.Тоа практично значеше СПЦ да се откаже од “тврдокорниот” став црковната состојба да ја врати на времето од пред 1941 година (!?), но брзата смрт на Викентие, го попречува тој процес, доага Герман и повторно-се по старо!

СПЦ била опоменета дека постојат и други патишта, многу одамна, не сега со замешателството на Борисов и Заев.На 29 март 1958 година, во 11часот, во седиштетото на Народното собрание на НР Македонија, српскиот патријарх Викентие добива прием кај тогашниот претседател на Собранието Лазар Колишевски.

Еве дел од укажувањата на Колишевски.

-…Сега категорички се поставува вие,СПЦ,без одлагање да го решите ова црковно прашање или ќе бидеме принудени ние, со нашето свештенство, да пристапиме кон друго решение, без оглед на тоа дали некој ќе биде засегнат и дали некој ќе се љути.Ова мора да се свати.А право да ви кажам ова прашање на почетокот ние да го решававме, макар и на друг начин,досега се ќе беше заборавено.”

Пишува: Веле Митаноски / АКО.мк

Коментар(1)

  1. Dositej Stojković eroden vo Smederevo.Da li nekogaš so nekogo prozboril barem eden makedonski zbor. Negov veren sekretar i đakon e srednoškolecot Stojan Janković sega Jankovski , od Staro Nagoričane.Prav prv poglavar na MPC e Done Iliev istaknat člen na KPJ voedno i seretar na Komisijata za verski prašanja pri CK na Komunističkata partija naMakedonija.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *