Почетна Вести Банката на Руската Православна црква пред банкрот
Банката на Руската Православна црква пред банкрот

Банката на Руската Православна црква пред банкрот

281
0

Банка “Пересвет”, во која Руската православна црква поседува 49,7% од акциите, ја ограничи исплатата на парични средства на своите штедачи, откако минатата недела нејзиниот директор Александар Швец исчезна (подоцна од банката објавија дека тој не е во исчезнати, туку дека е во болница).

Во обид да ја спаси “Пересвет” Централната банка на Русија воведе привремена администрација за шест месеци.

bakna-ruska-crkvaБанката е нарекувана “православната банка”, бидејќи нејзин главен акционер е Руската православна црква. Целосното име на банката е “акционерско комерцијална банка за помош на добротворноста и духовниот развој на Татковината” Пересвет “”. Меѓу акционерите на банката се и Одделот за надворешно-црковни односи на Московската Патријаршија, Смоленската, Калушката и други епархии, а член на бордот на директори секогаш бил и еден свештеник – прво архимандритот Тихон (Шевкунов), потоа епископот Марк (Головков). Долго време член на одборот на директори бил уште како Митрополит сегашниот Руски патријарх Кирил.

Во 2015 година духовниците го напуштаат советот на директори на банката. Во рејтингот на руските банки “Пересвет” заземаше 44 место.

Во меѓувреме о Standard & Poor’s го намали долгорочниот кредитен рејтинг на банката до ниво ССС- / С.

Проблемите на банката покренаа дискусии за состојбата на централниот буџет на Руската православна црква, кој според руските медиуми е тајна дури и за епископатот, иако според црковниот статут Архиерејскиот собор е должен да ги разгледува извештаите на Синодот за финансиските прашања и да ги одобрува принципите за “планирање на претстојните општоцрковни приходи и трошоци “.

За последен пат приходите и расходите на централниот буџет на Црквата се објавени во извештајот на патријархот Алексиј II на Архиерејскиот собор во 1994 година, пишуваат руските медиуми.

Други поврзани со РПЦ кредитни институции се Софрино со која работи Фондот за единство на православните народи, Меѓународната банка на храмот “Христос Спасител” и др.

/ДВЕРИ.БГ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *