Почетна Вести Христијанство Балашов од РПЦ: Постои можност вселенскиот патријарх Вартоломеј да ја признае МПЦ без согласност на СПЦ
Балашов од РПЦ: Постои можност вселенскиот патријарх Вартоломеј да ја признае МПЦ без согласност на СПЦ

Балашов од РПЦ: Постои можност вселенскиот патријарх Вартоломеј да ја признае МПЦ без согласност на СПЦ

360
0

Николај Балашов, заменик претседател на Одделот за надворешни меѓународни односи на Московската патријаршија, изјавил дека постои можност Вселенската патријаршија да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА и без согласност на Српската црква, посочувајќи дека тоа може да се случи по барање на американската дипломатија и во Црна Гора.

Балашов сепак потенцирал дека Московската патријаршија ќе остане да го поддржува единството на СПЦ и дека е против создавањето на нови цркви.

-Ние во РПЦ го поддржуваме единството на Српската православна црква и сме против создавање на нова црква во Црна Гора. Постои можност патријархот Вартоломеј, без согласност на Белград, да ја признае и автокефалноста на „Скопската црква“, како што велат во Константинопол, бидејќи никогаш нема да ја признаат како Македонска црква, изјавил Балашов.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *