„Бадникова работилница“ во Кисела Вода – децата создаваат Божикна атмосфера

Date:

Share post:

Со многу радост, креативност и празнична атмосфера, во Општина Кисела Вода се одржа „Бадниковата работилница“ во пресрет на традиционалната манифестација „Бадникови поворки 2025“. Настанот ги собра децата и нивните родители во духот на заедништвото и подготовката за Божикните празници.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со своето семејство, беше дел од оваа празнична работилница. Децата имаа можност да изработуваат Божикни ѕвезди – симболот на Витлеемската светлина – и да ја учат познатата песна „Вечниот Бог“, која традиционално се пее на Бадник.

„Драги деца, почитувани родители, од срце ви благодарам за овој прекрасен ден! Бадниковата работилница која ја организиравме во пресрет на манифестацијата „Бадникови поворки 2025“, помина во прекрасна атмосфера,“ изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека годинешната манифестација се одвива под слоганот „Пренеси ја Божикната радост до секое срце!“, истакнувајќи ја важноста на зачувувањето на христијанските вредности, семејните традиции и заедништвото:

„Бадник и Божиќ се време за семејство, љубов, заедништво и радост. Време кога сите заедно потсетуваме на важноста на верата, надежта и љубовта. Тоа се вредности кои сакаме да им ги пренесеме на нашите најмлади, бидејќи тие се нашата иднина и носители на светлината на оваа голема традиција.“

Градоначалникот им се заблагодари на сите учесници за нивната енергија, посветеност и желба да ја продолжат оваа прекрасна традиција, додавајќи: „Нека оваа работилница биде вовед во една празнична, среќна и благословена година. Нека Божиќната радост навистина стигне до секое срце.“

Организаторите најавија дека манифестацијата „Бадникови поворки 2025“ ќе се одржи со уште поголема свеченост, со многу учесници и празнични активности, кои ќе ја пренесат радоста на Божик во секој дом.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img