Почетна Вера МПЦ-ОА Бадникова поворка првпат во Дебар и Ростуше
Бадникова поворка првпат во Дебар и Ростуше

Бадникова поворка првпат во Дебар и Ростуше

95
0

Во Дебар и Ростуше првпат се одржа Бадникова поворка во пресрет на Христовото раѓање. Во поворката учествува четириесеттина деца пријавени доброволно, од претшколска возраст до деветто одделение од Дебар и од неколку села од подрачјето на Река.

Поворката тргна во 10 часот од пред домот на семејството на Васе и Веса Ангеловски, каде беа дарувани со овошје и слатки, пеејќи ја песната Вечниот Бог и носејќи во рака пештера – симбол на витлеемската пештера во која е роден Исус Христос.

Потоа поворката помина кај кружнот тек во близина на општината, продолжи по главната улица „Осми септември“ до црквата „Света Петка“, во долниот дел на градот, каде беше пречекана од отец Миле, кој учесниците во поворката ги даруваше со пакетчиња, обезбедени од повеќе донатори.

Бадниковата поворка првпат денеска ќе помине и низ Ростуше, администратвен центар на општина Маврово и Ростуше.

Спроти Бадник синоќа во населбата „Венес еден“, каде е поголема концентрацијата на православни Македонци, беше запален коледарски оган. Годинашните кумови Љиљана и Миќо Блажевски обезбедија богата трпеза, а најсреќно беше семејството на Тања и Саво Савески, кај кои се падна паричката.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *