Почетна Вера МПЦ-ОА Бадникова поворка низ велешките улици
Бадникова поворка низ велешките улици

Бадникова поворка низ велешките улици

125
0

Епархијата Повардарска во Велес третпат денеска  организира Бадникова Поворка,а во чест на Христовото раѓање-Божик.

Поворката од дечиња, нивни родители, баби и дедовци и граѓани  тргнаа  од градската црква „Свети Кирил и Методиј“ и се движеше  по главната градска улица „Благој Ѓорев“ до Трговскиот и кружно до Гимназијата  и назад во црквата.

Децата по велешките улици поминаа  носејќи на рацете макета на Исусовото раѓање пеејќи ја Божикната  песната „Вечниот Бог“, а за која претходно неделава со неколку хорски проби  се подготвуваа во Епархијата Повардарски..

На враќање назад во црквата  владиката Агатангел ги даруваше дечињата со пакетчиња, а возрасните со бадникови  колачи, мандарини и топол чај.

Инаку пред  Бадниковата поворка  во црквата „Свети Кирил и Методиј“ утрово со одржа  архиерејска литургија со која чиноначалствува митрополитот повардарски, Агатангел.

-Целта на оваа веќе традиционална Бадникова поворка, а во пресрет на Христовото раѓање-Божик  е најмладите да внесат среќа и радост  да го направат претстојниот голем христијански  празник уште попријатен за сите православни верници во градот, појасни за МИА Никола Цилаков од службата за информирање на Епархијата Повардарска.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *