Почетна Коментар Автономијата на Вранишковски е безначајна и за СПЦ
Автономијата на Вранишковски е безначајна и за СПЦ

Автономијата на Вранишковски е безначајна и за СПЦ

890
4

Одговор на „Саборни центар“ – Соборно Павославие

И како што обично бидува, „Саборни центар Пеќкога трона у Јужној Бановини“ редовно и благовремено мора да одговори се’ што ќе прочита, а не му фаќа око или не го бендисува.

Без разлика дали тоа е така или не, „д’лжни“ се да распалат во името на „Саборног центра“, или како што се нарекуваат „Соборно православие“.

Тоа што на нивниот одговор нема потпис е само доказ за нивната неубеденост во напишаното или, пак, како што веројатно е одговорот го пишувал како и по обичај „Великиот“ и несуден Архиепископ во сенка на ПОА. Но, нејсе . . .

Како по обичај, тие не спорат со фактите, туку спорат со оние кои тоа го напишале. Еднаш спорат со мене, друг пат со Бранче (Бранко Ѓорѓевски, новинар на Дневник). И се’ така по ред.

Со фактите и не можат да спорат, затоа што, или не ги знаат, или ако ги знаат ги премолчуваат, или, пак, не им ги доразјаснил нивниот „духовен“ водач. Во недостаток на аргументи за фактичка дебата, главни адути им се „канта тропа новинари“, „самонаречени експерти“, „теолози во наводници“ и се така, факт до факт. Но, таквото етикетирање мое на Бранче, ниту ги прави попаметни, ниту, пак, поубедливи во нивната вистина. Едноставно тоа е само одлика на нивната „христијанска ука“ што ја стекнале од нивните „стожери во белградскиот пашалук“. А, што друго и би научиле од нив, освен омраза дебело поткована на национал-шовинизам.

Ниту јас, а ниту Бранче не сме теолози и никогаш не се занимаваме со учењата на црквите. Ние сме новинари и се занимаваме со политиката на Црквата. Тоа што Вие, во „Саборни центар“, не умеете да ја читате таа политика, не Ве прави лоши теолози, но Ве прави лоши аналитичари, а и веројатно злобни верници. Таа злоба Ви извира токму од таа „црковна политика“, која Вие или не ја разборате, или не сакате да си признаете дека е таква, каква што е… На штета на Македонија, а веројатно многу повеќе и на Ваша штета. Но, тоа е Ваш проблем.

Во оваа денешна Православна црква, најмногу од се’ има политика и тоа тешка, на моменти и националистичка политика. Тоа сосема јасно се гледа и од она што беше „договор“ на поглаварско ниво во Шамбези, во Швајцарија. Се’ она што е реален и суштински проблем на Православната црква е ставено под тепих. Во интерес на некое „квази единство на Црквата“, сите прашања кои го оптоваруваат тоа вистинско единство нема да бидат решавани на „историскиот Собор на Православната црква“ во јуни 2016 година. А нема да се решаваат, токму поради политика.

Тој, долгонајавуван „историски“ собор е само обична „протоколарна куртоазна средба“ на поглаварите. Ако не Ви се допаѓа тоа што јас и Бранче го пишуваме, не мора да го читате. Но, прочитајте и некои влијателни светски медиуми. Таму веројатно ќе најдете многу повеќе за политиката на Православната црква. За „византиските игри“, за заложништвото на вистинските верници. За се’ она што Вие не сакате да признаете дека постои. А постои… за жал.

Толку окoлу ова. Сега малку да Ви разјаснам нешто, што Вашиот пастир Вранишковски и неговите слугатели не сакаат да Ви го појаснат.

Очигледно е дека суштински Ве погоди веста што религија.мк ја објави за нелегитимноста на автономијата на ПОА. Тоа јасно се чита од моментот на Ваша затеченост и конфузијата во Вашата потсвест. Така збунети од една страна, а од друга опседнати од потреба да одбраните нешто, велите дека тоа веројатно не е така, а и ако било така, Вашата „Автономија“ била дадена пред десет години и ниедно правило не важело ретроактивно.

Тоа што Вие сами себе си се обидувате да се утешите и да си одговорите на прашањата, а притоа да чуете одговор што ќе Ви ја исполни душичката, не ја менува суштината на фактите.

Таа суштина е многу подлабока. И Вие воопшто и не сте дел од нејзе. „Капирате“?

Правилата за доделување автономија во Православната црква, ниту се правени за Вас, ниту поради Вас. Вие еднставно не сте предмет на каква било перцепција во таа Православна црква. Ок?

Анализата на религија.мк за Вашата „Автономија“ е за да можете да ја разберете нејзината неважност и небитност, овде, а и во Православниот свет.

Но, за да си најдете Вам објаснување, пишувате работи кои немаат никаква реалност. Велите дека одредбата за географски граници, која се дефинира како услов каде една автокефална црква може да даде автиономија, не биле граници на државата, туку биле граници на Црквата. Па, според тоа, јурисдикцијата на СПЦ се простирала и на територијата на Македонија од 1920 година.

За да не биде јас да Ве учам, најдобро би било за ова да прочитате барем некој од Уставите, на која било Православна црква. Но, заради вистината јас ќе ви дадам само некоку примери.

Еден од нив е токму од СПЦ и нејзините географски граници и јурисдикција.

Во Уставот на СПЦ точно пишува дека нејзината јурисдикција се протега на територијата на Југославија. Таква држава денес не постои, освен ако Вие мислите поинаку. Но, во таа јурисдикција на СПЦ за која Вие зборувате се наоѓа и јурисдикција на делови кои по 1945 година не се дел од Југославија, а претходно биле дел од СПЦ.

На пример, чешко-моравската епархија. Многу ме интересира како ќе изгледа кога СПЦ ќе реши на таа територија денес да назначи свој Епископ, а камо ли да прогласи Автономија. Вие што мислите? На такво нешто во СПЦ никој не се ниту обидува да помисли.

Примерот Ви го посочувам за да Ви стане појасно, како едни одлуки на Соборот на СПЦ од историјата денес се валидни, а други не се.

Со одлука на Соборот на СПЦ, АСбр. 24/зап. 28 од 1948 година, оваа епархија повеќе не е дел од јурисдикцијата на СПЦ и власт врз нејзе денес има Руската православна црква.

Десет години подоцна, Соборот на СПЦ со иста таква одлука, АС/47 од 1959 година и записникот број 57 од 17/4 јуни 1959 година носи иста одлука дека епархите во Македонија се дел од посебна црква – МПЦ и се управуваат со свој Устав.  Денес една одлука важи, а другата не. Ја прпознавате политиката на СПЦ? Сега дали нешто Ви е појасно?

Одиме понатаму, за да Ви ја разјазнам разликата меѓу географската и јурисдикциската пространост, што вие не ја разграничувате. Знаете дека јурисдикциски Вселенската патријаршија денес се простира и на територија на Грција. Ама, географски не е така. Односно попрецизно, по Балканските војни кога беше поделена етничката Македонија, Вашите денешни „духовници во Белград“ со пари, фатени под рака со кралската динаситија од Белград отрчаа кај Вселенскиот Патријарх и ги откупија епархиите од Македонија. Но, епархиите од Егејскиот дел останаа под јурисдикција на Вселенската патријаршија. Зошто? Нели јурисдикциски припаѓаа на Вселенската патријаршија и едните и другите епархии? Што не пробаа да ги откупат и оние во Грција? Тие епархии, денес реално знаете во состав на чија црква се? Знаете колкава моќ има Вселенскиот патријарх врз нив? Што не воспоставни Вселенската патријаршија автономна црква во Егејска Македонија? Има канонско право, нели?

Еве, за да Ви биде појасно ќе Ви посочам уште еден пример. Знаете зошто Албанската православна црква денес е Автокефална, а не автономна? Јурисдикциски била во состав на Вселенската патријаршија, ама географски не. Затоа и е автокефална, а не автономна. Поради политички, а не канонски причини.

Интереси се во прашање, нешто што Вие од „Саборни центар“ не можете да го разберете.

Ги спомнувате примерите со Финската и со Јапонската православна црква, а ги избегнувате тие поврзани со Американската, Естонската, Молдавската црква.

Двете автономии за кои зборувате, (обидувајќи се да докажете дека можело да се доделува автономија и на територии кои не се географски граници на една Црква), практично се обид за манипулација и замена на тези.

Овие две цркви, како прво се наоѓаат во држави во кои доминантна верска конфесија е некоја сосаме друга религија, а не Православната. Двете држави заедно имаат околу 134 милиони население, а православни верници заедно помалку од 100 илјади, или процентуално помалу од 0,1 отсто од севкупното население кое живее во Јапонија и Финска.

Реално тие две цркви можат и да бидат автокефални, но токму минијатурниот број на верници ги прави тоа што се. А, нивната автономија, како ја добиле и зошто, можете да прочите во историјата. И таму ќе најдете политика. Автономијата на овие две цркви има историја подолга од автокефалноста на СПЦ, чисто да Ви биде појасно.

И во создавањето на двете, главната улога ја има Руската православна црква и нејзината поддршка на тогашната руската надворешна политика за ширење на доминација во светот во тој период.

Во поновата историја на православните цркви нема автономна црква која на кој било начин добила таков статус, а за која нема спор. Затоа е и таа географската одредница што сега се потенцира во овие одлуки на Православната црква. Секој во својот двор. Но, многу е убаво и веројатнио искрено, да се чуе од овдешните апологети на Јован дека српскиот двор не завршувал кај Куманово . . . Топ! Тоа е токму она што секој треба да го знае секој, а и најмногу Вашите верници. Веќе нема дилема. За ПОА, Македонија е српски двор.

Ајде сега и за Вашата „Автономија“, за нејзината вистинитост, суштина, значење, но и за нејзината позадина.

За ова нешто не успеав да прочитам дека сте посветиле внимание во писанието. Освен дека сте биле запишани како Автономна црква во „некаков диптих“. Па, вадите слика од некоја книга на грчки јазик во која на некоја 1248 странициа пишувало ПОА.

Не знам што тука не Ви е јасно, па се обидувате да докажете нешто што не постои. А, јасно Ви пишува во документот, објавен од Православната црква, дека „Автономните цркви и имињата на нивните Први архиереи, (нема ниту ниво на поглавари) не се запишуваат во диптихот на Православната црква“.

Тоа не го измислив јас, го напишале поглаварите на Православните автокефални цркви. И како тоа Вие сте запишани во тој диптих,  а другите не се, мене навистина не ми е јасно. Вам како Ви е јасно не знам. И второ, што диптих ќе беше тоа од толку страници, а Вие толку „значајна црква“ на 1248 страница. Не е фер . . .

Видете да Ви кажам. Дали сте Вие автономна црква, не треба да гледате во таа книга што ја толкувате како диптих, таму нема да се најдете. Тоа е јасно како бел ден.

Дај Вие видете во Уставот на СПЦ што сте. Десет години трубите и ја манипулирате јавноста во Македонија дека сте автономна црква, а во Уставот на СПЦ нема ниту збор за такво нешто.

Сите сериозни православни цркви кога некаде даваат автономија, тоа го решаваат и правно и формално. Уставот на една Црква е Библија за нејзиното функционирање. Вашата автономија практично ниту СПЦ не ја есапи, а барате некој овде тоа да го прави.

Во Уставот на оние кои Ви потпишале Томос, никаде не пишува дека Вие сте автономна црква. Знам дека тешко Ви паѓа, ама така е.

Прочитајте ја таа книгичка, не е обемна како Вашиот диптих, има само 60 страници и во членот 14 пишува дека епархиите во Скопје, Битола и Штип се дел „Епархии во состав на СПЦ“. Има уште еден член кој ја дефинира организационата поставеност на СПЦ, но и таму нема ништо, не за вашата, туку за каква било Автономија во состав на СПЦ. Тоа е следниот член 15. Погледнете. А потоа отворете Устав на Руска православна црква, на Вселенска патријаршија и прочитајте таму како се дефинира „Автономија“ на една црква.

Сето тоа го знае Вашиот Поглавар, ама не Ви го кажува. И нему не му е убаво кога Ве бодри со автономност и некаква си посебност, а притоа нема моќ ниту да го постави прашањето барем за промена на Уставот на СПЦ, па регуларно СПЦ тоа да го дефинира како што е редот. Ама што ќе внесува некој во Устав нешто, за кое ни сам не верува дека е така.

Но, Вранишковски не би ни помислил такво нешто да постави на дневен ред на Соборот на СПЦ, затоа што Иринеј Буловиќ ќе му врзе таков шамар, што пред очи ќе му излезат свештениците што Јован ги „шамараше“ во Штип и Велес.

И што сте запеле со тоа СПЦ ни даде автономија, па ни даде . . . Не е прашањето дали Ви дала, туку што Ви дала и зошто Вам Ви го дала. Зошто не си одговорите на простото прашање, како тоа  СПЦ даде Автономија на Јован и неговиот шофер (сега голем владика Марко Кимев), а не на некој друг?

Затоа што се теолошки гуруа? Затоа што се испосници на црквата? Затоа што СПЦ сакала да го спаси народот од лажни пророци? Вие навистина не можете, или се правите дека не знаете да ја разберете суштината?

Таа е таа вистина за Вашата „Автономија“.  А, тоа е така затоа што на сите, па и на „Ваш Јован“ им е јасно дека еден ден, кога тогаш, ќе се вратите назад кон мнозинството. Никогаш мнозинството не оди кај малкуте. И тогаш ќе заврши и Вашата приказна.

Но, дотогаш, чесно е да разберете дека, таа автономија е најѓавослкиот дар, даден кога било и кому било во Православието. Затоа што таа Автономија е извор на омразата што Вие секојдневно ја ширите плашејќи ги како страшила верниците во Македонија дека само Вашиот благослов бил исправен. Дека ќе останеле во грев, неспасени, дека не им важи крштевањето во МПЦ и разни други будалаштини.

Непризнавањето на МПЦ е административно-политичко прашање, а не прашање од суштината на верата. Господ не ја создал Црквата за Вие политика да терате со нејзе и разни национа-шовинистички владици да одлучуваат што е Црква, а што не. Македонските Владици се во единство со сите, затоа што ниту на Иринеј Буловоќ, ниту на Грчкиот Архиепископ, ниту на кој било Архиереј на Православната црква не гледаат како на еретик. Нивните имиња се споменуваат во литургиите во МПЦ. Тоа што некој друг не може, или не сака да ја признае реалноста, не ја прави МПЦ еретичка црква. Ги прави нив недоволно возвошени во суштината на православието.

Ако сакате да го убедите овој народ дека Благословот на српските архиереи е подаровит од оној на македонските, сте се прелажале.

slika marjanСамо не знам кое помилување е „побожјо“, Вашето, или она на Качавенда и на Пахомије. „Пошто и они би да нас помилују“.

И Ајт сеа на служба. . . и да . . . Во следниот Ваш одговор, појаснете ми колкумина од Вашите верници ја разбираат службата што Вие ја држите на српски и на грчки де . . .

Марјан Николовски

Коментар(4)

  1. Вранишковски и неговите братија се смо неуки менаџери кои за пари се прифатиле да го спроведат Проектот за супремација, задушување на дејствувањето на МПЦ. Тие се црквено- историски незналици, ништо не прочитале за историјата на црковниот живот на Македонскиот православен народ. . Всушност , за тоа тие и не се криви, бидејки ниту еден од тојцата немаат ниту ден поминато во Македонската богословија, а четвртиот само бадијава претстојувал во неа(Марко)Тие само и подлегнале на антимакедонската пропаганда на православна верска основа финансирана и протежирана од странство, во случајов од страна на СПЦ и Фанариотите. Тие , српски архиереи за Македонија , како необразовани и неуки од историјата на црквата во Македонија , случајно ,или намерно се нашле во средина која одсекогаш била антимакедонски настроена, запоена со Равногорските идеи и идеите на на политиката на пропаднатиот двор на Караѓорѓрвиќите во Белград и станале лесен плен на протагонистите на напредспоменатата политика и идеи, а тоа се осведочените противници и непријатели на се што е македонско, држава, име, нација , писмо, јазик, а особено ;акедонска црква-Црногорскиот митрополитАмфилохије и бачкиот епископ Иринеј кои се се всја во СПЦ, почнувајки од професори на факултетот , па редум до владици . Наивните четворица македонци ги обработуваат и ги регрутитаат , претходно накитувајки ги со највисоки црковни титули и звања, и ги праќаат во Ммммакедонија да се се борат против МПЦ и до го спроведат Проектот на супремација, угушуванје на МПЦ во вид на пшаралелна ерархија. Ете , во тоа е работата , ан е во некое си лажно , утопистиќко црковно единство

  2. Ako e zabelezeno deka Ohridskiot Arhiepiskop Lav “Kumuval” za frlenata sizma vo 1054 godina i raskolot vo hristijanskiot svet na pravoslavni crkvi i katolicka crkva so primat na Papata kako prv medju ednakvite biskupi so sediste vo Vatikan.
    Dali preostanatiot pravoslaven svet koj e predvoden od Carigradskata/vselenska patrijarsija i Ruskata crkva ‘mozat i da zamislat ili pomislat’sto moze da im se sluci ako i samo ako Makedoskata Pravoslavna Crkva – Ohridska Arhepiskopija utre po Sepravoslavniot sobir koj ce se odrzo na Krit namesto na Sveta Gora-Atos, resi a tie sekako ne mozat da ja sprecat da svojot pat go pobara na drugo mesto i namesto da gi priznae niv za ednakvi na sebe gi povika na edinstvo nepriznaetite pravoslavni crkvi i eparhiii da zaedno go baraat i resavaat svojot status i svoite svetovni (ne duhovni) prava po primerot na protestanskite crkvi prema katolickata crkva.

  3. Tesko si na taa jadna crkva koja se potpira na eden strucnjak, koj si ja ostavil mistrijata i malterot i se brznal da vidi so koi se problemi se zanimava i opteretuva crkvata vo Makedonija. Ova nee kraj na taa ironija sto na takov eden avtoritet se konstituira crkva , uste pa e stepenuvana na cin arhiepiskopija , a so uloga na egzarhija. Ironijata e vo toa sto eden takov poteg e kreiran i blagosloven od covek koj se smeta za svetitel vo ziva forma. Pa se postavuva prasanje, od koga svetitelite se borele protiv necija crkva, pa makar taa bila i Makedonska. Zarem moze borba protiv edna nacija i najzina crkva da e pat kon svetosta . Pa akao e taka togas i Stepinac zasluzuva pogolemo i povosoko mesto vo erarhijata na svetiite , zatoa sto toj, sepak povece se ima boreno i protiv SPC i protiv srpskata nacija

  4. Вранишковски и неговата институција не се створени заради некаква си црковна автономија. Тие се само продолжена рака на Рамногорскиот покрет, на Дражо Михајловиќ, Љотиќевците, Недиќевците, Српските радикали на Шешељ и др . српски националистички екстремисти , со цел да се рахабилитира српствоото во Македонија и хегемоистичката политка на Караѓорѓевиќите. . Тие , Вранишковски и неговите братија ниту се теолози, ниту , богослови, ниту пак се уфрлени во Македонија од религиозни, побожни цели .Никаде ги нема во ригистрите на богослови, дека завршиле богословија, ниту во српските боогословии, ниту во Македонската богословија. Тие е се само регрути на антимакедонската пропаганда на верска основа , финансирана од страна на СПЦ и Фанаритотските елементи од грчката црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *