
88
0
Автомобил со боци е откриен во близина на париската катедрала Нотр дам во саботата вечерта, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на полицијата во француската престолнина.
Сопственикот на возилото е на разузнавачката листа на осомничените во религиозна радикализација. Во возилото имало седум плински боци, од кои една празна. Во автомобилот немало детонатор, но биле откриени документи со натписи на арапски.
Според податоците на француската телевизија Бе Еф Ем возилото може да се користи за подготовка на атентат. Во врска со случајот се приведени маж и жена.
За автомобилот јавил вработен во бар, кој го забележал возилото и боците. Истрагата се води од специјализираната обвинителство за борба против тероризмот.