Почетна Анализа Автокефалност или лажна автокефалност – понудата за МПЦ-ОА е на маса…
Автокефалност или лажна автокефалност – понудата за МПЦ-ОА е на маса…

Автокефалност или лажна автокефалност – понудата за МПЦ-ОА е на маса…

1.82K
3

Печат на 100 години единство, со апел на единство во следните 100 години, а со тоа и единство во вечноста. Тоа е главното мото на прославата од стогодишнината од Томосот за Обединетата црква на Кралството СХС, што СПЦ ќе го слави на 14 и 15 мај во Сремски Карловац, каде во март 1922 година, претставник на Вселенската патријаршија и го предава Томосот за автокефалност на Обединетата Црква, што со кралски Указ ја создал Александар Караџорџевиќ на 17 јуни 1920 година.

Со тој Томос издаден од Вселенската Патријаршија, епархиите од територијата на Македонија, денешната држава Македонија и се дадени на СПЦ.

100 години подоцна МПЦ-ОА очекува истите тие епархии со Томос, на истата таа Вселенска Патријаршија, да и бидат одземени на СПЦ и дадени на Охридската Архиепископија како идна автокефална црква.

100 години подоцна СПЦ, од која се очекува да се согласи на таков чекор, слави 100 години единство на црквата, единство во кое ја смета и Македонија и сонува за исто такво единство во следните 100 години, па се до вечноста.

Во деновите на оваа најавувана, голема еуфорична прослава, се одржува и работниот дел на Соборот на СПЦ, на кој ќе се одлучува за иднината на МПЦ-ОА. Значи на 14 Мај СПЦ ќе го воспева единството на српскиот духовен свет, во кој се наоѓа и Македонија,  токму преку тој Томос, а на 16 Мај во Белград, во Патријаршијата, владиците на маса ќе потпишат документ со кој се согласуваат МПЦ да биде автокефална и тоа токму под името Македонска?

Колку треба да се биде наиевн, за да се поверува во вакво сценарио? Ден претходно СПЦ ќе го велича единството и ќе се колне во негова вечност, а следниот ден онака лежерно ќе го парчоса тоа единство, само затоа што сака да ја направи МПЦ – македонска автокефална црква, што 55 години ја држи во изолација.

На секој, кој бараем малку има познавање во структуралноста и функционирањето на Православната црква, му е сосема јасно каква е намерата на СПЦ и што од се тоа може да се изроди.

Оваа анализа не е за тие, туку е за оние, на кои навистина не им се познати работите, а можеби е и за некои до владиците, не дај Боже…

Темелен постулат за да една црква може да има автокефален статус е да има територија, односно епархии под своја власт. Епархии под своја власт се само оние епархии кои се доделени со Томос од Вселенската патријаршија, а не се дел од јуриздикција на друга црква.

Во моментов МПЦ – ОА нема своја територија, нема свои епархии. Епархиите на кои МПЦ-ОА ја уредува црквата од 1945, односно 1958, па потоа 1967 година се на СПЦ. Јуриздикцијата, духовната власт и пропаѓа на СПЦ. Во целиот овој период, во два наврати, првиот во 1959 година СПЦ и дава право на автономност и управување со нив на МПЦ, но по прогласувањето на автокефалноста на МПЦ во 1967 години и го одзема. Вториот пат на давање нечие автономно управување е 2004 година, кога овие епархии и се даваат на ПОА на Вранишковски. Таа одлука на СПЦ, дека нејзините епархии во Македонија ги управува ПОА е важечка ден-денеска.

Што значи. МПЦ-ОА за да стаса до својата автокефалност треба прво да стаса до јуриздиција врз овие епархии. Најлогичен пат е СПЦ да ја поништи одлуката за давање на еперхиите на управа на ПОА, и да ја извести Вселенската Патријаршија дека во договор со МПЦ-ОА нема никаква причина да се противи овие епархии да и бидат доделени на МПЦ, односно Охридската Архиепископија и за тоа Вселенскиот патријарх да издаде Томос, во кој ќе бидат наведени епархиите на кои се прогласува Автокефалното управување на црквата.

Ако тоа се случи, тогаш во ред. Но, ако тоа не се случи, тогаш има само еден пат. Вселенската Патријаршија, сама во договор со МПЦ-ОА, да ги ревидира јуриздикциските граници, одземајќи и ги на СПЦ и со нов Томос да и ги додели на МПЦ-ОА епархиите.

Дали и што може да се случи помеѓу?

Дали може? ДА!, Што? Заблуда и замка, обландирана со фини убави слаткоречиви зборови и хвалоспеви за МПЦ, со цел да се измеси од суштината и премести во формата. Резултатот од такво сценарио ќе биде историска катаклизма за идејата за своја црква, и историски грев кон својот духовен столб на идентитетот. Паралелно со тоа станува затворена можноста во наредните сто години да се зборува за каква било суштинска автокефалност.

Ако минатата недела имаше дилеми дали веста што ја најави Зворничко-тузланскиот епсикоп Фотиј на проповед, дека на овој Собор во Мај ќе се случи враќање во канонско единство на МПЦ-ОА, дали се тоа е во координација со Вселенската патријаршија, сега веќе е поприлично јасно дека одлуката на Вартоломеј и Синодот од Фанар е решение кое има за цел да спречи МПЦ-ОА да падне во „канонското единство со СПЦ“ уште најмалку 100 години.

Изненадната конструктивност на СПЦ, невообичаената грижливост што ја демонстрира, барем на средбите што ги имале владици на МПЦ-ОА и СПЦ (важно е да се потсети дека не станува збор за една од 3 мај, за која јавноста дозна, туку серија средби, дел како делегации, а дел и како тет-а-тет на одердени владици), во суштина е руско сценарио.

Тоа го потврдува и еден од најстакнатите грчки црковни аналитичари, Андреас Лударос, кој на Ортодоксија Инфо, објавува анализа со планот на Руската и Српската црква, ден пред Вселенската Патријаршија да ја донсе одлуката, анализирајќи ја изјавата токму на епсикопот фотиј.

Текстот носи налсов „ МОСКВА ја гори Украина и се обидува и Скопје да го вовлече во „огнот“ на црковната војна“, со наднаслов „Со божем „добри намери“ и под маска на единство се обидуваат Охридската Архиепископија да ја претворат во пион на Москва“.

Авторот на текстот ја скицира целата игра што на МПЦ и се сервира од страна на Бачкиот епископ Иринеј Букловиќ, кој во последните 30 години сите разговори што ги водеше со владиците на МПЦ-ОА ги носеше кон крајната цел, а тоа беше понижување на македонската црква. Во таа анализа меѓудругото пишува:

„ Согласно добро информираните извори на orthodoxia.info, пројавеното „решение“ на црковното прашање на Скопје, не само што не е решение, но е една особено опасна стратешка „маневра“ на србо – руската оска, која откако ќе се заврши, не само што нема да ја врати во каноничност тамошната Црква, туку ќе ја воведе во една нов вртлог, кој во суштина единственото што ќе го направи е променување на „собата“ на нејзината изолација. Согласно исклучителните информации на orthodoxia.info, Црквата на Србија се однесува како одлучна да додели Автономија или дури Автокефалија на Црквата во Скопје, признавајќи ја како „Црква на Македонија“. Истовремено, на тој начин Патријаршијата на Србија ќе „го обелува“ прашањето за Автокефалија за сметка на „излетаната од шини“ Патријаршија на Москва, како што покажува сè, обидувајќи се, de facto, од една страна да ја оспори надграничната надлежност на енклитонот, кој веќе со векови Црквата го признава само на Вселенскиот Патријарх, а од друга страна, за да каже дека „ и другите Цркви можат да издадат Томос за Автокефалија“, а не само Константинопол. Всушност, се работи за втор стратешки потег на соработка помеѓу Москва и Белград, против првопрестолноста на Вселенскиот Трон, по „братскиот собир“ во Аман, но овој пат ќе предизвика неверојатно вознемирување во целиот православен свет. И покрај феноменските „добри намери“ на Патријаршијата на Србија, во еден таков случај единствениот изгубен ќе биде самата Црква на Скопје, бидејќи наместо решението коешто копнежливо посакува да го најде во последниве години, ќе навлезе во една нова епоха на проблеми. На тој начин, Москва и Србија ќе го искористат Скопје како „контратежа“ за украинската Автокефалност притискајќи ги Црквите „сателитски“ да ја признаат новата „македонска автокефалност“ за на дело да го претстават Фанар како неспособен да функционира како православен центар.“

Овие информации покажуваат дека СПЦ нема никаква намера да реши проблем, туку напротив да го ископлицира и МПЦ да ја направи монета за поткусурување. Заедно со Русија да си создадат сателит со кој ќе ги уценуваат другите цркви и Вселенската патријаршија за автокефалната црква во Украина. Всушност СПЦ ја игра улогата на РПЦ создавајќи нов сеправославен проблем, наметнувајќи нови правила за создавање на автокефални цркви. Наместо милениумските канонски правила според кои Вселенската патријаршија потпишува Томос за автокефалија, наметнуваат нови канони по кои автоекфалност треба да дава Мајката црква, во случајот со МПЦ-ОА, тоа е СПЦ. (Она што е најстрашно, е што во тоа „Евангелие по Буловиќ“, се користи најчуствителното прашање за Македонците, а тоа е придавката македонска. И тоа само со една цел, предизвикување раздор. Иако СПЦ одлично знае дека и да не постоеше проблемот со името на Македонија, едноставно никој никогаш да не го спорел, Томос на име Македонска Православна Црква, македонската црква не може да добие. Ете пример е украинската автокефалност. Таму придавката украинска никој не ја спори, но во Томосот црквата е именувана како Православна црква на Украина, а не Украинска Православна Црква.)

Што добива СПЦ со такво сценарио, а што губи МПЦ?

Српската црква го добива она и што викендов ќе го слави. А, МПЦ-ОА го губи она по што генерации жртви вложија. Томосот и епархиите во Македонија. МПЦ-ОА ќе ги изгуби трајно, а СПЦ го добива печатот за духовната власт, врска со територијата на Македонија. Нешто од кое во ниту едно сценарио не би се откажала. Ги чува границите на Кралството на Караџорџевиќи за некои можеби идни времиња, за некои можеби идни државни граници. Или како што велеше еден српски владика, „кој може да каже дека Македонија, или Украина, после 100 години ќе бидат држави“.  Затоа во таа приказна на МПЦ-ОА ќе и се понуди се… апсолтно се. И име, за кое знае дека е невозможно по православното устројство за именување на црквите да го користи, но намерно ќе го форсира за да предизвика нови поделби во јавноста во Македонија. Тоа практично ќе биде понуда на лажна автокефалност, продадена во приказна од наширок обем. Во таа автокефалност ќе има се, или една голема обландирана гордост, но без суштина.

Најлошто сценарио за Македонија ќе биде трајна подела на црковното тикво.

Иринеј Буловиќ 20 години по Нишкиот договор, точно пресметал каде погрешиле во 2002 година и зошто не успеа проектот ПОА. Ако некој мисли дека Буловиќ 20 години не спиел, мислејќи како да ги спаси православните Македоници од расколот, треба да знае дека Буловиќ 20 години не спиел анализирајќи како да ги заштите српските духовни интереси во Макдонија, а да го разбие и подели нескршливиот македоснки верник, кој повеќе од 80 години сплотено стои зад идејата за возобновување на Автокефалната Охридска Архиепископија, како македонска црква на својата сопствена држава.

Суштинско важно во целиот процес до крајната цел, сега кога еден чекор е исчекорен е единството. Единството прво во Синодот, во Црквата, во јавноста. Второ мудроста, да се препознае замката и се тоа заедно да се искористи за како аргумент во разговорите со Вселенската патријаршија да се дојде до посакуваниот Томос. Ако на тој пат СПЦ е искрена е добредојдена. Во спротивно знаете ли кога ќе сфатат македонските владици дека се наместени? Дента кога на првото сослужување во Белград, Буловоќ и Порфириј ќе им го донесат Врнишковски и ПОА во Олтарот, за кој сега ги убедуваат дека наводно го пуштиле низ вода… А, токму пуштениот низ вода Вранишковски ќе го држи Путирот со Светата Причест, што тие од неговата рака ќе ја примат во името на лажното единство. Во таков случај, најдобро би било да останат во Белград.

Марјан Николовски

П.С. Погледнете го промотивното видео за 100 години единство.

Коментар(3)

  1. Е мој мили Милко,
    Имавте 60 и кусур години да го решите македонското црковно прашање. Ама на нас гледате како на класичен српски југ кој само што не се обединил со српскиот свет.
    Наспроти вас, Вселенскиот патријарх го реши нашето црковно прашање за само четири години од кои две поминати во услови на глобална пандемија.
    Сега ќе ветувате брда и долини само повторно, по којзнае кој пат, да не пренесете жедни преку река. Во 2012 г. кога требаше да славите 100 години од Кумановската битката на Зебрњак вашиот претседател Томислав Николиќ и српските владици ветија дека ќе дадат автокефалија на МПЦ -ОА во рок од неколку месеци. Сега повторно ќе ветувате се и сешто. Ама веќе сте прочитани, брачо. Волкот го менува влакното ама карактерот никогаш.
    И да… Поздравете го Путин и Вранишковски. И особено големи пољупци за Раковиќ и Миленко.

  2. Српските владици никогаш не биле искрени со нас. Внимателно!!!

  3. Avtorot na ovoj tekst nikako da se oslobodi od bugarofilija, srbofobija i od komunisička opsesija. Ali najoptreten e od srbofobija.

Напиши одговор на Јагнето Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *