Почетна Вести Австралиската полиција не може да ги утврди причините за пожарот во Црквата на МПЦ (ФОТО)
Австралиската полиција не може да ги утврди причините за пожарот во Црквата на МПЦ (ФОТО)

Австралиската полиција не може да ги утврди причините за пожарот во Црквата на МПЦ (ФОТО)

194
0

Австралиските власти се уште ги анализираат причини за пожарот во кој изгоре Македонската православна црква „Христово Воскресение“ во Рокдајл, Сиднеј. Засена нека никаква трага која може да упатува на евентуалната причина за пожарот.

crkva rokdail 1Според проценките материјалната штета е огромна.

Митрополитот на Австралиско-новозеландската епархија Владиката Петар во чии ингеренции е оваа црква вели дека засега нема информации за причината за пожарот, но веќе бил информиран за материјалната штета.

-Уништен е иконостасот, иконите, други свети предмети во олтарот, магацини во кои имало книги…штетата изнесува некаде околу 400 илјади долари,  вели г. Петар.

Оваа црква на МПЦ беше во изнајмен простор на протестантската обединета црква. Владиката Петар ја користеше долги години како паралелна црква на храмот „Света Петка“, кој е во непосредна близина.

Откако г. Петар доби право да назначува свештеник во „Света Петка“, оваа црква практично и не функционира.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *