Почетна Вести Регион Атина повеќе не е единствената европска престолнина без џамија
Атина повеќе не е единствената европска престолнина без џамија

Атина повеќе не е единствената европска престолнина без џамија

333
0

Џамијата Вотаникос во Атина треба да ги отвори своите врати за верниците во следните недели, по повеќегодишното противење на Грчката православна црква и протестите на локалното население

Заменикот министер за надворешни работи Маркос Боларис потврди дека џамијата, финансирана од грчката држава со речиси 900.000 евра, ќе ги отвори вратите во следните недели. Повеќе барања за изградба на џамија беа одложувани од 2000 година навака, и изградбата на актуелниот објект почна во 2016, но полицијата во повеќе наврати мораше да ги отстранува демонстрантите од локацијата.

Сѐ досега, Атина беше единствената европска престолнина без џамија. Иако неколку џамии сѐ уште постојат од времето на Отоманската империја, тие се археолошки споменици и не можат да бидат верски храмови. По 400-те години отоманска окупација, грчката влада не дозволила изградба на ниедна нова џамија откако Грција стана независна во 1830 година.

Проценките се дека во Атина живеат меѓу 100.000 до 500.000 муслимани, без да се земат предвид нелегалните емигранти и бегалците. Досега муслиманите мораа да се молат во адаптирани дневни соби и подруми низ градот.

Противењето на џамијата беше прилично остро. Николаос Михалолијакос од десничарската партија Златна зора го нападна предлогот во парламентот во 2016. Тој џамијата ја нарече „храм на ропството“ и праша: „Ќе се враќаме ли под турска окупација?“

Сепак, најголем противник на џамијата беше Грчката православна црква, на која ѝ припаѓа 98 отсто од популацијата во Грција. Архиепископот Јеронимус Втори, лидерот на грчката црква, предупреди дека изградбата на џамијата е дел од планот да се „дехеленизира и дехристијанизира“ нацијата, и ги нарече сите џамии места на одгледување радикализација.

Непосредно пред да биде отворена џамијата, дел од грчките муслимани се пожалија дека објектот е премногу мал. „Зарем е ова храмот за кој ни зборуваа толку многу години?“, праша Наим Елгхандур, претседателот на Муслиманската асоцијација на Грција, жалејќи се дека објектот ќе може да прими само околу 300 мажи и 50 жени кога ќе биде отворен

Тој истакна дека Вотаникос џамијата, која нема ниту минариња ниту звучници, е едвај поголема од адаптираните џамии во кои муслиманите веќе се молат.

/MKD.MK

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *